Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Забава

Ал Џезира со Горан Милиќ во поход на Балканот

Се' погласни се шпекулациите дека прв човек на балканскиот дел од катарската ТВ-империја ќе биде познатиот и искусен хрватски и ексјугословенски новинар

Се бројат деновите пред официјалната потврда на новата функција на познатиот хрватскиот и ексјугословенски новинар Горан Милиќ, чие име стои прво на списокот на челници на балканскиот дел од катарската ТВ-куќа, Ал Џазира, која се очекува да започне со емитување програма од јануари 2011 година.

Уредникот на ХРТ, кој своевремено работеше за ТВ Белград, а потоа премина на Јутел, има најмногу шанси да го преземе водењето на балканскиот разгранок на катарската телевизија, зашто станува збор за новинар познат на сите простори на бивша Југославија. За газдите на Ал Џезира, Милиќ има уште една предност - не е муслиман, со што, сметаат доброупатени во куќата, ќе привлечат што повеќе гледачи.

„Што се однесува до мене, оформувањето регионална телевизиска програма Ал Џезира е мудар деловен потег. Сопствениците на медиумската империја сосема сигурно можат да сметаат дека ќе бидат гледани на подрачје што има триесет милиони луѓе, а во вистинската „мешаница пред гол“, која владее на овдешната медиумска сцена, еден играч помалку или повеќе никому нема да му пречи“, смета Милиќ, кој ниту ја потврдува ниту, пак, ја демантира веста за неговото преминување на Ал Џезира Балкан.

Босанските медиуми неодамна објавија дека Ал Џезира го купила сараевскиот телевизиски канал НТВ 99, кој планира да го трансформира во регионална телевизија под името Ал Џезира Балкан. Телевизијата веќе закупила на пет години 800 квадратни метри во ББИ-центарот во Сараево каде што ќе биде седиштето на регионалниот канал. Плановите се Ал Џезира Балкан да биде лидер во висококвалитетната програма во регионот, со дописнички центри во сите балкански земји и во поважните региони на светот.

За почеток, арапскиот Си-Ен-Ен ќе вработи околу 100 професионалци, од кои четириесетина ќе бидат познати новинарски имиња од БиХ, Србија и од Хрватска. Меѓу нив се спомнува и хрватскиот новинар Денис Латин, кој неофицијално е на листата за трансфери.

Горан Милиќ

Оформувањето на регионалната телевизиска програма Ал Џезира е мудар деловен потег. Сопствениците на медиумската империја можат да сметаат на триесет милиони гледачи


#
Статијата е прочитана 1795 пати.

Испрати коментар

Од: miki
Датум: 14.10.2010 15:59:55
sto veli milic toa bil mudar deloven poteg, hahahahahaha.........ma, toj si gleda za sebe, dobro da se unovci !!! bas go zabole milic za delovniot poteg !!!

Најди! во Утрински
Забава
Џенифер Анистон не е убавица
„Евросонг“ од Осло се сели во Дизелдорф
Развод на бракот без страст
Крадам од сонот за да добијам време
Цеца и Карлеуша на конечна пресметка во Скопје
Свадби и разделби на „Пријатели“
Деби-албум






Asylum rise puts Balkan visa-free scheme in danger
Dutch resistance unlikely to halt Serbia's EU bid
The Great Gas Game: Russia plays Romania against Bulgaria