Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура
Автопортрет на Микеланџело на неговата последна слика

Автопортретот на Микеланџело е откриен на неговата последна фреска, „Распетието на Св. Петар“ во Ватиканската капела на „Св. Павлина“. Информацијата ја потврдил и Маурицион де Лука, раководител на тимот за реставрација на Ватикан, нагласувајќи дека откритието било „единствено и возбудливо“, бидејќи, најверојатно, станува збор за единствен постоен автопортрет.

Реставрацијата на фреските, во вредност од три милиони фунти, почна уште во 2004 година и, како што напредувале, реставраторите се прашувале кој би можел да биде ликот на коњот во левиот горен агол.

Споредувајќи го лицето со портретите на Микеланџело кои ги работеле други уметници, стручњаците утврдиле дека неминовно станува збор за автопортрет. По консултациите со експерти од целиот свет, заклучено е дека ликот на коњаникот со син турбан, насликан на фреската во периодот меѓу 1545 и 1550 година, дефинитивно, е автопортрет на Микеланџело. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 221 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Националното филмско богатство го доби својот дом
Биеналето на уметници почна на полупразен плоштад
Еврејската заедница организираше „Денови на европската култура“
„Ескуријал“ на Мишел де Гелдерот премиерно на МОТ
Театрите „Лица без маски“ и „007“ станаа членки на ИАТА