Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Култура

Божикен концерт со првите оргули во Македонија

Овој ден ќе биде запишан во историјата како настан, кога прв пат на македонска почва се слушна звукот на оргулите, рече бискупот Стојанов

Во католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, синоќа се одржа Божикен концерт со првите орули во Република Македонија. Пред почетокот на концертот, управителот на Работилницата за оргули во Марибор, Бране Кошир на скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов свечено му ги предаде клучевите од оргулите, по што тие беа осветени. По тој повод, бискупот Стојанов изјави: „Прв пат Република Македонија се здоби со еден многу вреден музички инструмент - оргули. Овој ден ќе биде запишан во историјата како настан, кога прв пат на македонско тло се слушна звукот на оргулите.“

На Божикниот концерт настапија оперската пејачка Милка Ефтимова, маестро Борис Трајанов и светски познати уметници од Австрија, Албанија, Хрватска, Полска и Словенија. Концертот беше проследен од претставници на верски заедници во Македонија, пратеници, уметници и културни работници, како и дипломатскиот кор во земјата, а бискупот Киро Стојанов им врачи благодарници на премиерот Никола Груевски, на министрите за надворешни работи и за култура Антонио Милошоски и Елизабета Канческа Милевска, на апостолскиот нунциј во Македонија монсињор Сантос Аврил и Кастиљо и на Работилницата во Марибор за поддршката на акцијата „Оргули за Скопје и Македонија“. (К.Р.)

 


Статијата е прочитана 161 пати.

Испрати коментар

Од: citetlka od Skopje
Датум: 20.12.2008 19:10:11
Bas ubav nastan i odbelezan na ubav den

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Мустафа-пашина џамија ја смени само церадата
Викенд на македонска култура во Берлин
Книгите што ја одбележаа 2008 во „Култура“
„Девојчето со кибритчиња“ - претстава за паметење
Овој викенд во Кинотека „Тетовирање“ и „Време, води“
Симфониски концерт за деца