Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Култура

„Девојчето со кибритчиња“ - претстава за паметење

Македонската премиера на една од најпознатите приказни на Ханс К. Андерсен донесе смеење, но и многу солзи Раскошна, романтична, убава.

Весела, но во исто време и многу тажна. „Девојчето со кибритчиња“ е претстава која никого нема да го остави рамнодушен. Ниту во поглед на содржината која, инаку сите ја знаеме, ниту во однос на естетската рамка. Таа донесува смеење, но и многу солзи.

Македонската премиера на една од најпознатите приказни на Ханс Кристијан Андерсен која се одржа завчера во магичниот Tеатар за деца и младинци, доживеа овации. Гледачите не ја криеја возбудата дека присуствуваат на една несекојдневна премиера, на која сигурно ќе сакаат да отидат уште еднаш и уште еднаш...

Се чини „Девојчето со кибритчиња“ е единствената приказна со тажен крај. Режисерот од Бугарија реномираниот Боњо Лунгов, чија е и адаптацијата на текстот, кој на македонска сцена досега ги поставил најуспешните претстави за деца, ни ја долови „Девојчето со кибритчиња“ во еден повеќе класичен манир. Поточно, Лунгов не отстапува од сржта на приказната. Но, ја зачинува со многу хумор и сатира блиски до менталитетот на денешниот човек. Прави приказна со разбирлив, лесен јазик која зборува за реалниот живот и во која нема ништо фантастично (какви што се всушност сите приказни на Андерсен), па сепак, тоа е приказна која несомнено ја збогатува фантазијата.

Затоа, заради реалната димензија и покрај очекувањата, крајот на приказната не беше променет. Таа и во македонската верзија остана да биде единствената приказна со тажен крај. И не само крајот. „Девојчето со кибритчиња“ во целост и покрај обидот да се балансираат чувствата кај гледачот со вметнувањето на хумористичните елементи, е сепак тажна приказна која зборува за заборавените човекови вредности, за суровото време во кое живееме, за загубеното чувство за хуманост. Како што и самиот Лунгов истакнува, целта е преку „Девојчето со кибритчиња“ да им се покаже на децата или на сите, дека постојат поважни нешта од материјалната благосостојба а тоа се добродушноста и сочувството.

Раскошот на претставата или нејзината нереална димензија се разбира, ја донесоа фантастично изработените кукли, сценографијата и костимите кои се дело на Дилијана Прванова и одлично адаптираната музика избор на Константин Каракостов. Секако, најмногу честитки за најзаслужните за одличната премиера целокупниот актерски ансамбл од Театарот за деца и младинци. (Т.И.)

 


Статијата е прочитана 155 пати.

Испрати коментар

Од: slobodan
Датум: 20.12.2008 18:22:54
Ja gledav pretstavata i navistina e mnogu ubava i tazna. Bi trebalo da stane hit!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Мустафа-пашина џамија ја смени само церадата
Божикен концерт со првите оргули во Македонија
Викенд на македонска култура во Берлин
Книгите што ја одбележаа 2008 во „Култура“
Овој викенд во Кинотека „Тетовирање“ и „Време, води“
Симфониски концерт за деца