ОТЕ подготвува продажба на „Космофон“
Атина - „Вториот мобилен оператор во Македонија ’Космофон‘ ќе биде првата жртва на договорот за стратегиско партнерство меѓу грчки ОТЕ и ’Дојче телеком‘“, пишува грчкиот весник „Та неа“. Според весникот, грчката телекомуникациска компанија во текот на неделава треба да назначи консултанти, кои ќе ја подготвуваат продажбата на „Космофон“. Фирмата-ќерка на ОТЕ во Македонија во договорот за стратегиско партнерство, била исклучена од „трнливите прашања“, по кои грчката влада има право на вето. „Дојче телеком“ е присутен во Македонија преку својата фирма-ќерка „Т- мобиле“, факт што го принуди ОТЕ да ја „убие“ својата компанија во Македонија, пишува „Та неа“. (Макфакс) |