Успешно преземањето на Инвест банка од Австријците
Комисијата за хартии од вредност го прогласи за успешно преземањето на Инвест банка. „Согласно законите, Штаерска банка ја извести КХВ дека понудата за откуп на 254.362 обични акции ја прифатиле вкупно 266 иматели, кои доставиле изјави за 243,786 обични акции и дека понудата за откуп е успешно реализирана“, информираат од Комисијата.
„Со оглед на фактот што Штаерска банка стекна над 95 отсто од вкупниот број акции со право на глас, другите акционери кои не ја прифатиле понудата имаат можност на австрискиот инвеститор во дополнителен рок да му ги продадат своите акции. Исто така, и Штаерска банка има право да побара од акционерите да им ги откупи акциите, за да поседува 100 отсто од капиталот на Инвест“, велат во КХВ.
Ова преземање на македонска банка од странски инвеститор е второ по ред годинава. (Ек.Р.) |