Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Пропаѓањето на „Леман брадерс“ ги стресе светските финансиски пазари

Експретседателот на Фед, Гринспен, оцени дека ваква криза се случува еднаш или двапати во сто години

ЊУЈОРК - Глобалните финансиски пазари вчера беа потресени до срж откако американската инвестициска банка „Леман брадерс“ поднесе барање за заштита од банкротство, а ривалската „Мерил Линч“ се согласи да биде преземена.

Најголемата светска берза на акции - Њујоршкиот Волстрит се наоѓа на работ на најголемата криза од периодот на големата депресија во почетокот на 30-тите години на минатиот век, оценува британската ТВ-мрежа Би-Би-Си, повикувајќи се на мислењето на економистите. Би-Би-Си ја пренесува изјавата на поранешниот претседател на американската Банка на федерални резерви (ФЕД), Ален Гринспен, кој оцени дека криза каква што е сегашната се случува еднаш или двапати во сто години. „Ова надминува се' што сум имал можност да видам, а и понатаму не е решено“, рече Гринспен, кој во периодот од 1988 до почетокот на 2006 година се наоѓаше на чело на ФЕД и беше еден од најуспешните шефови на банката.

Изјавата на Гринспен следуваше непосредно по информацијата дека раководството на четвртата најголема американска инвестициска банка „Леман брадерс“ ќе побара заштита од банкротство пред надлежниот суд во Њујорк по неуспешните обиди да најде стратегиски инвеститор.

Инаку, седиштето на банката во Њујорк од синоќа е под засилено полициско обезбедување.

Фактот дека Волстрит денес проаѓа „низ најбурните 24 часа од доцните 20-ти години на минатиот век“ Би-Би-Си го гледа уште во два настана кои, исто така, го потресоа познатиот пазар на акции во Њујорк. Првиот се однесува на одлуката на Банката на Америка да ја купи најголемата светска брокерска фирма „Мерил Линч“ за сума од 50 милијарди долари, а вториот на барањето на најголемата светска осигурителна компанија АИГ да добие итен заем од ФЕД во вредност од 40 милијарди долари. Банката на Америка соопшти дека се согласува да ја купи „Мерил Линч“ со договор за акции во вредност од 50 милијарди долари, или 29 долари за акција, што е речиси 12 долари за акција повеќе од цената на затворањето на Берзата во петокот.

Со оглед на тоа дека кризата зема нови, поголеми жртви, ФЕД првпат соопшти дека ќе прифати акции во замена за готовински заеми, а десет од првите банки во светот се согласија да формираат фонд за вонредни состојби од 70 милијарди долари, при што која било од нив ќе може да користи до една третина од сумата. ФЕД изложи серија чекори за да ја смири состојбата на берзите и да се подготви за колапсот на „Леман“.

„Ова е враќање во чист капитализам, опстанок на најдобрите - владата не може и не сака да го спасува секого“, рече Џастин Еркарт Стјуарт, директор за инвестиции во „7 инвестмент менаџмент“ во Лондон. „Сега инвеститорите ќе се повлечат кон банките достојни за доверба“.

Сите три настани вчера предизвикаа видливо опаѓање на вредноста на акциите на европските ефектни берзи, а исто така и на финансискиот пазар во Сингапур, Тајван и во Австралија. Покрај потресот на берзите, американскиот долар во претпладневните трансакции значително ослабе во однос на еврото и на јенот, додека вредноста на златото - традиционално засолниште за инвеститорите во кризен период, се зголеми за приближно два отсто во однос на крајот на минатата недела.

Индексот ФТСЕ Еурофрст 300 на водечките европски акции опадна за 3,5 отсто, предводено од опаѓањето на банкарските акции, како што е УБС за 10 отсто. Акциите во американските банки на Берзата во Франкфурт се намалија, и тоа на „Леман брадерс“ опаднаа за 80 отсто, додека на „Морган Стенли“, „Сити груп“ и други се повлекоа. Акциите во АИГ на Берзата во Франкфурт опаднаа речиси за 30 отсто, додека на „Мерил Линч“ се искачија за 36 отсто.

Овие настани сигнализираат трансформација на структурата на моќ на Волстрит, при што големите банкарски групи како што се Банката на Америка и „Џ.П. Морган чејс“ стануваат подоминантни.

Вчера од Лондон стигна веста дека околу пет илјади луѓе во Велика Британија се загрозени од можноста да останат без работа по банкротството на американската инвестициона банка „Леман брадерс“. Најголемиот број од нив, како што пренесува МИА, се вработени во европската централа на банката, во лондонски „Доклендс“. Тие вчера беа на работа, но од управата им било речено да не доаѓаат од денес.

Ова од причина што банката беше погодена од загуба вредна „милијарди долари“ во инвестирањето кај станбените кредити, која само во третиот квартал од оваа година изнесува 3,9 милијарди долари.

Анџела Најт, извршен раководител на Асоцијацијата на британските банкари, изјави дека „Леман брадерс“ е релативно мал играч на пазарот во Велика Британија, како и тоа дека главните британски банки изминатите месеци веќе се рекапитализирани и дека ниту една од нив не се наоѓа во слична ситуација како американската банка.

Финансиската компанија „Прајсвотерс и Куперс хаус“ е определена за администратор на европската филијала на американската банка.

По сите овие настани од Франкфурт беше лиферувана информацијата дека Европската централна банка (ЕЦБ) вчера инјектирала 30 милијарди евра на финансискиот пазар во зоната на еврото за да ја смири нестабилноста до која дојде по кризната состојба во банкарскиот сектор во САД. ЕЦБ соопшти дека внимателно ја следи состојбата на кредитната ликвидност на сите 15 земји-членки на ЕУ кои се во еврозоната, во кои банката има надлежност. Банката, исто така, изрази подготвеност да преземе нови итни мерки за да се обезбедат услови за нормално функционирање на финансиските берзи и да се избегне криза на кредитниот пазар во зоната на еврото. (Според агенциите)


Статијата е прочитана 1028 пати.

Испрати коментар

Од: K
Датум: 16.09.2008 04:31:50
вториот на барањето на најголемата светска осигурителна компанија АИГ да добие итен заем од ФЕД во вредност од 40 милијарди долари....Breaking news AIG kolapsira i prasanje na vreme koga i najgolemata osiguritelna kompanija vo svetot ke bankrotira.......Lakomosta si go napravi svoeto i ova sega e posledica na marketot so nedviznosti.....Ama pa toa e OK konecno ovie takanareceni "kapitalisti" koga im odese dobro lapaa Bonusi i velea deka drzavata ne smee da se mesa vo marketot t.e. deka toj sam ke se regulira..a sega baraat milijardi dolari od Amerikanskite danocni obvrznici preku Vladata da gi "spasuvaat" e toj film nema da go vidat
Од: jovan
Датум: 16.09.2008 08:42:33
Ke propagaat uste banki i fondovi. Ova e samo pocetok. Amerikanskiot son pukna i mora nekoj da go plati. Pokraj banki i finansiski institucii vo Amerika ,ke pocnat da bankrotiraat i vo zapadna Evropa, a i nekoj banki niz Azija. Kako spasitel ke se javi kapitalot od Arapskite zemji i Rusija, no prasanje e Amerikancite dali toa ke go dozvolat da bidat prevzemeni od niv. Vo sekoj slucaj interesno ke bide da vidime dali Amerite imaat adut vo raka i model kako da se izvlecat od ovaa kriza za koja i samite bea svesni deka ke im se sluci. No nepredvidea deka tretiot svet ne e veke onaa obicna amorfna masa koja se pali na coca-cola i americki stosovi, pa mislea deka lesno ke "zeznat" nekogo i ke gi zakrpat puknatite baloni. Tuka se zeznaa naveliko, pa se dojdeni vo situacija za bez pari da bidat kupeni od Arapi, Indijci, Rusi, Brazilci,Kinezi itd. Ako nemaat rezervna opcija B ,krajot na dominacijata na zapadot se blizi.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Италијански „Орланди“ ќе град�� фабрика во „Бунарџик“
Бензините поевтини за 1,5 денар, дизелот за 3,5
Чекајќи го Уставниот суд, фискалните уште неточни
ОТЕ подготвува продажба на „Космофон“
Голем пад на берзанските индекси
Успешно преземањето на Инвест банка од Австријците