Број 3388  среда, 22 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Хроника

Го уценувал брата си за да ќари „ауди“ и пари

Триесет и осумгодишен скопјанец е уапсен откако два месеца го уценувал брата си, кој живеел во Швајцарија. Според МВР, се' започнало кога М.Н. (38) од Скопје бил на гости кај својот 49-годишен брат во Швајцарија. Таму снимил компромитирачки материјал од својот брат, кој бил во сексуален однос со државјанка на Швајцарија. Откако се вратил во Скопје, а во меѓувреме им прекинала соработката по однос на користена техничка стока од Швајцарија, М.Н. му се јавил на брат му и му се заканил дека ќе ги објави снимките на „Јутјуб“ за да ги види сопругот на жената на снимениот материјал. Како доказ дека не се шегува, дури и пуштил краток материјал на „Јутјуб“.

Од брата си побарал ново „ауди А-3“, како и шест шлепери со разна техничка стока во вредност од 72.000 евра.

„За да ја исполни својата цел, тој од УСБ-то направил повеќе копии на ЦД-иња и продолжил да го уценува, барајќи од него да ги исполни барањата“, велат од полицијата.

Во понеделникот нашинецот допатувал од Швајцарија, носејќи го и бараниот автомобил. Откако го пријавил случајот во полиција, се сретнал со алчниот брат, биле на нотар да заверат полномоштво, но кратко време подоцна М.Н. бил уапсен. Бил вооружен со пиштол што го поседувал без дозвола. Кај него дома биле пронајдени уште неколку ЦД-а со компротимирачки материјал, кои планирал да ги искористи против брата си, велат од полицијата. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 1258 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Половина Скопје се вакцинира кај исти лекари
Значката и пиштолот подложни на злоупотреби
Од црква во Луково однесени 21 икона
Масовна тепачка во Битола
Спречен шверц на 18 тони алуминиум
Мртов маж пронајден во „Стрежево“



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing