Број 3388  среда, 22 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Хроника

Од црква во Луково однесени 21 икона

Иконите се насликани од Аврам - последниот фрескоживописец на овие простори

Мики Трајковски

СТРУГА - Од црквата „Свети Атанасиј“ во струшкото село Луково во понеделникот навечер беа украдени 21 икона од олтарот. Станува збор за една од најстарите цркви во струшкиот регион. Украдените икони се оригинални и насликани од синот на Дичо Зоограф - Аврам, последен живописец на икони на овие простори.

Низ солзи во очите, домаќинот на црквата, Славко Будановски, вели дека крадците најпрво влегле во помошната просторија, ги скршиле бурињата каде што се наоѓале казми, а со чија помош ги скршиле двете брави и четирите сигурносни шипки од јужната врата по што влегле внатре.

„Многу сум разочаран, ова е мојот втор дом“, вели чичко Славко.

И неговиот соселанец Цветин Богдановски жали за изгубеното културно богатство. Тој вели дека црквата била добро обезбедена. Жителите на Луково се сомневаат дека сторители на кражбата е истата онаа група од Албанија, која однесе вредни икони од повеќе цркви во Струшко пред неколку месеци.

„Полицијата ги фати крадците, но потоа, од се' уште неразјаснети причини, тие лица сега се на слобода. Секојдневно забележуваме сомнителни, односно непознати луѓе како шетаат низ селото“, вели Богдановски.

Црквата „Свети Атанасиј“ е изградена во далечната 1883 година со самопридонес на месното население. Изградена е во камен и е сместена во подножјето на планината Јабланица. Се наоѓа на оддалеченост од само 5 километри воздушна линија од границата со соседна Албанија.

Од СВР - Охрид велат дека се трага по сторителите. Оттаму потенцираат дека на средба со претставниците на Дебарско-кичевската епархија, директорите на заводите и музеите на Охрид и на Струга и директорот на Управата за заштита на културното наследство, предложиле низа мерки за превенција, но дека не се реализирани.

„Овие икони се работени од зоографи на дебарската зоографска школа, една од највлијателните и најценети школи на Балканот и пошироко“, вели директорот на Музејот во Струга, Сашо Цветковски.

Професорот по историја на уметност на Државниот универзитет во Тетово, Миџаит Положани, вели дека загрижува фактот дека во период кога многу се зборува за културното наследство, а притоа се одвојуваат и многу пари за негова промоција, пред нос ни се крадат икони и се уништуваат археолошките пронајдоци.

Инаку, крадците се обиделе да украдат и други 6 икони, кои ги оставиле на подот од црквата. Ова е десетта кражба за само една година од цркви во регионот на Струга, од каде што се однесени повеќе од 100 вредни икони.


#
Статијата е прочитана 372 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Половина Скопје се вакцинира кај исти лекари
Значката и пиштолот подложни на злоупотреби
Масовна тепачка во Битола
Го уценувал брата си за да ќари „ауди“ и пари
Спречен шверц на 18 тони алуминиум
Мртов маж пронајден во „Стрежево“



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing