Масовна тепачка, во која се повредени неколку лица, се случи во понеделникот околу 20,30 часот пред сендвичарницата „Бомбата“ на градското шеталиште во Битола. Според полицијата, на инцидентот му претходела расправија меѓу 52-годишниот сопственик на сендвичарницата Ј.Ф. и двајца битолчани Ј.С. (38) и С.Љ. (28), по што во тепачката се вклучиле Ј.С. (25) и Ј.С. (28).
„Најлошо минал Ј.С. (38), кој се здобил со четири убоди од остар предмет во грбот, од кои еден го пробил левото белодробно крило и се наоѓа во животна опасност“, соопштуваат од МВР.
Два убоди од остар предме�� завршиле во телото на С.Љ., а хоспитализирани се сите учесници во тепачката. Полицијата изврши увид и работи на утврдување на деталите од инцидентот. (Г.А.)