Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Заев ја обвини власта дека ја води Македонија во црна дупка

Фамилијата прави хотели во Чешка каде што мисли да побегне кога ќе ги урнеме од власт, вели Фрчкоски

Ангел Данов


КАВАДАРЦИ - „Со едноумието на Груевски и на неговата тајфа, Македонија запаѓа во длабока црна дупка со црна иднина за граѓаните, поцрна и од црното тиквешко. Ако Кавадарци е град на грозјето и виното, а велиме дека во виното е вистината, тогаш вистината за Македонија е многу поразителна и болна. Ќе употребам кавадаречки збор, лита е оваа власт, полита не може да се најде на светот, ниту во Буркина Фасо, ниту во Брегот на Слоновата Коска, ниту во Папуа Нова Гвинеја. Лита власт со излитени методи од минатото својствено на Гебелс и нему сличните”.

Со овие зборови им се обрати на кавадарчани завчера вечер в.д. лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој додаде дека ако актуелниот миг се гледа низ чаша бело или розе вино, повторно ќе се види Македонија матна. Заев му порача на Груевски да се чува од бесот на стрпливиот човек, бидејќи со таков бес ќе се соочел од кавадарчани. Преродбата на Груевски ја спореди со реката Луда Мара, која минува низ Кавадарци

Од жителите на Кавадарци побара доверба и претседателскиот кандидат на СДСМ, Љубомир Фрчкоски, кој ја обвини актуелната власт дека во изминативе три години ја направила Македонија најсиромашна држава во регионот. Подршка побара за, како што рече, да се турне најлошата и најгрдата гарнитура, која било кога владеела со Македонија.

„Фамилијата што владее со нас прави хотели и трговски центри во Чешка и во Словачка, каде што мисли да побегне кога ќе ги урнеме од власт. Но, ќе ни ги остават вмровчињата да ни се закануваат. Сега ви ѕвонат по телефон, ве притискаат за кого да гласате. Тие нека му ја мислат сега, бидејќи ние нема да му ја мислиме после“, ��ече Фрчкоски и ја обвини актуелната власт дека вработува само луѓе кои имале наредба да најдат 20 гласачи за власта.

„Вмровските влади секогаш го оставаат прашањето дали треба да ја биде Република Македонија или не. Нема пари во земја која е изолирана. Претураме од шупливо во празно. Секоја трета кола во Македонија е со бугарски таблици. За две години ќе има 200 илјади Бугари. Круна на недостоинството е некадарен човек, човек кој ќе не' срами.Мислат дека и магаре да врзат ќе помине, но на 22 март ќе видат дека не е така”, потенцира претседателскиот кандидат на СДСМ.

Подобри услови за живеење на сите граѓани и подобра иднина за младите вети пред своите сограѓани Ратко Грков, кандидат за градоначалник, кој во изминативе четири години беше претседател Советот на Кавадарци.

„Целта на секој нов градоначалник на Кавадарци мора да биде вработувањето, промоцијата на нови стопански објекти, мора да има подобрување на инфраструктурата’’, потенцираше Грков.


Статијата е прочитана 966 пати.

Испрати коментар

Од: kavadarci
Датум: 11.03.2009 00:12:55
I toa sto go kazuvaa snosti vo Kavadarci nemase koj da gi slusa
Од: miki maus
Датум: 11.03.2009 00:25:32
trebase da e vo crna dupka ama go kurtuli branko,a za ekonomija i biznis sdsm e poznat vo makedonija,pusto napravi
Од: gradski kavadarcanec
Датум: 11.03.2009 00:53:46
Plostadot vo Kavadarci BESE POLN a sobira najmnogu2 do 3 iljadi.No nemase 15000 iljadi zamisleni dpmnovski karikaturi kako sto pisea dpmnovci.Se bese ubavo kazano a i preneseno vo tekstot.se drugo od sprotiva kazano e izlisno i e nevredno za bilo kakov komentar.Pozdrav do site prisutni , razbudeni i trezveni gragani na grad Kavadaci koi bea svedoci na ovoj golem miting.
Од: жарко
Датум: 11.03.2009 01:54:37
Golema sreka gospodine Zaev za vas i vasata partija sto fati svetskata kriza, pa se odlozija najavenite investicii, inaku neznam kade ke vi bese krajot.Na 22 mart ke vidite dali narodot ke go zaboravi vladeenjeto na vasata partija.Znam deka ve faka panika oti ke nemate ni eden gradonacalnik, ama narodot veli sto sadevte toa ke zneete.
Од: jimmy1
Датум: 11.03.2009 03:33:50
Gluvce Miki, a dali znaes so cii pari ovie tvoive gradat hoteli i soping centri???? So moi, tvoi so parite sto gi kradat od drzavata, od profitot sto go dobivaat od mlekarnicata a ne od skromnata plata na nekogasnata medicinsa sestra. Sve ke izleze na povrsina ali ti i nekolku kako tebe vi treba podolgo vreme da razmislite, ke razmislite odkako ke umre magareto.
Од: Robert Serafimovski
Датум: 11.03.2009 04:55:31
Zaev e najdobriot ekonomist i gradeznik vo zemjava.Dajte mu 800 milioni evra i toj ke izgradi 100 trgovski "Globali"vo zemjava.Niv ke gi gradat "ednokletocni"covek firmi!!!
Од: dule
Датум: 11.03.2009 05:07:23
hahahahaha dobri se komentarite nie ke si se smeem na ova izvinete ama ve molime da zboruvate vistina so lazgi vo evropa nema narodot ne vi veruva g,ivanov ke vi pokaze kako se nosi drzava vo evropa.
Од: blagica kavadarci
Датум: 11.03.2009 07:32:36
Ne ja odvede vlasta Makedonija vo crna dupka, tuku saka da ja izvade od dupkata vo koja vie ja piknavte "GOSPODINE" Zaev.
Од: Џони Златоуст
Датум: 11.03.2009 08:39:28
Многу работи се изнакажаа на митингчето на СДС во Кавадарци. Но, за да се победи во Кавадарци не треба плукање, навреди и поган речник. Од тоа се срамеше и нивниот кандидат. Тоа не минува во Кавадарци. За да се победи во Кавадарци во првиот круг треба да се има добар кандидат, добра листа, добра програма, подршка од силна и сложна партија, подршка од централната власт и многу работа. Сето тоа го има ВМРО-ДПМНЕ со кандидатот Александар Панов. Затоа очекувам Кавадарчани вечерта на 22-ри март да ја слават победата на Панов на истото тоа место и тогаш ќе видите колку народ ќе има.
Од: BLASH
Датум: 11.03.2009 09:31:55
Pa ti najde da zboris,zasrami se i ne izmisluvaj raboti
Од: STRUMICANEC
Датум: 11.03.2009 09:37:05
Jasno e deka site tie sto pisuvaat protiv Zaev ne ni znaat sto napravi covekot.Potvrda za toa ke bide 22 mart koga ke ja zbrise Boneva vo Strumica i strumicani ke dokazat deka go imaat najdobriot gradonacalnik. Platenicite na DPMNE ke pisuvaat za krasba vo GLOBAL a istite DPMNE -ovci po ist terk gradat katna garaza vo Prilep
Од: Dragi
Датум: 11.03.2009 09:46:01
Пред три години, сегашнава власт ветуваше дека во Македонија уште во 2007 година ќе донесат едно чудо странски инвестиции и ќе направат економски бум. Уште повеќе, дека од Македонија ќе направат ‘економски ТИГАР‘ во Европа. Од ‘бумот‘ видовме само ПУФ! А тигарот кај ли се изгуби?! Да не го виде некој каде сега лута?!!
Од: Perica 47
Датум: 11.03.2009 09:51:42
Навистина е зачудувачки како имаат доблест воопшто да се појават пред граѓаните во градовите каде што им оди предизборниот конвој. Како може Заев да се појави и да зборува за неодговорност на владеачката гарнитура, кога самиот има украдено повеќе од целата влада заедно. Фрчкоски пак продава некаква демагогија, па го гледаме на мирен протест со жените од СДСМ. Само се надевам дека меѓу нив немаше некоја од жртвите на "борецот за човекови права". Мислам дека граѓаните веќе знаат за кого да гласаат и дека по 22 март ќе продолжи преродбата на Македонија.
Од: Бето
Датум: 11.03.2009 10:11:47
Оваа реченица со црна дупка му изгледа како она со октоподот. Се гледа дека Заев има од кого да учи а има и добар учител. А бре Заев не знаеш повеќе што зборуваш, дали имаш образ да зборуваш па ти направи озонска дупка во Стумица со кражба од 8 милиони евра. Кај најде па и да зборува во Кавадарци. Во ваше време на СДСМ знаат лозарите како им беше со откупот на грозјето кога 90% од бербата се откупуваше од странски бизнисмени. Но со доаѓањето на оваа власт ВМРО-ДПМНЕ им обезбеди субвенции на сите лозари кои бербата од грозјето ќе ја предадат во домашни винарници, а и откупната цена на грозјето се зголеми.
Од: d.t.a od Kavadarci
Датум: 11.03.2009 10:47:21
Mnogu raboti kazal ovoj Zaev ama nemase koj da go slusa. Mitingot go zapocnaa duri posle pola cas nadevajki se deka ke dojde uste nekoj, no odvaj i nivnite clenovi da se sobraa.I tie ke kazuvale za crna dupka , nim im doagase tie vo dupka da se piknat od sram sto nikoj ne sakal da gi slusa.
Од: МК
Датум: 11.03.2009 12:22:45
Зоране имаш тука една голема грешка кога велиш дека власта ја води Македонија во црна дупка, па таа е веке во црна дупка и поровалија од која незнам кој ке може да не извади ,а што се однесува до народот тој е во апатија и длабока кома.
Од: Ang" Sveti Nikole
Датум: 11.03.2009 12:36:13
Cinicni zborovi od ustata na poranesen zatvorenik,pomiluvan od uste pogolem izmamnik. Za kakvi hoteli i trgovski centri zboruvate? prazni carsiski muabeti kao posleden adut so zelba za pobeda?!?!?I naucete se - Premierot ne e vi e nasekade oponent pa da gi zapocnuvate govorite so kletvi protiv nego, kaj ste videle miting na VMRODPMNE kade sto se spomenuva vasiot privremen Zaev marionetka na Crvenkapce, lele cuvaj me ke dojde losiot volk da me izede.ete zatoa ne doaga nikoj na mitinzite na sdsm NARODOT go izedovite manipulatiri sds-ovci.Zakopajte si ja glavata i taka ke izgubite.
Од: Fluid
Датум: 11.03.2009 12:51:13
Sramota e ova shto go pravat.. So vregjanje i so napadi ke osvojuvaat li vlast... c.c.c neka pokazat shto napravile i shto imaat plan da napravat, a ne da gledaat drugite shto pravat..
Од: biljana
Датум: 11.03.2009 13:17:51
E taka bre, vi tekna malku ostro protiv ovaa fasisticka vlast, aman veke od kutenje!!
Од: Kavadarci
Датум: 11.03.2009 14:56:45
Za razlika od DPMNE sto imase uvozen narod na mitingot SDSM imase mnogu poveke narod na mitingot vo Kavadarci bidejki site bea kavadarcani

Најди! во Утрински
Политика
Името не смее да биде измислено во лабораторија
Ѓорге Иванов вети, но не дојде на ТВ-дебатата на Телма
Граѓански карван за еднакви можности
Мора да се реши проблемот со името
Имам визија како да влеземе во НАТО
Фрчкоски ги менува ставовите за името
Владата против „проектот Нимиц“