Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика
Имам визија како да влеземе во НАТО


ВЕЛЕС - „За мене најголем патриот ќе биде тој што ќе ја понесе одговорноста да направи економски развој на државата, да отвори голем број работни места, да ги укине визите, да има добри односи со сите соседи и Македонија да стане членка на НАТО и на ЕУ“, рече Имер Селмани, кандидат за претседател на Нова демократија, на средбата со жителите на велешко Јаболчиште, прашан за поделбите на патриоти и предавници по основа на името.

„Историјата никој не може да ја смени, сите имаме право да се чувствуваме онака како што мислиме, името е предмет што стана пречка за нашиот прием во НАТО и во ЕУ, но идентитетот на македонскиот народ не е предмет за преговарање. Тоа е нешто што е креирано со децении и векови и нешто што се чувствува“, рече лидерот на Нова демократија.

Селмани изјави дека има визија како да ја однесе Македонија во НАТО и во ЕУ, зашто тоа било единствената алтернатива за нашиот економски развој како држава. (С.Ќ.Н.)

 


Статијата е прочитана 568 пати.

Испрати коментар

Од: R.R.
Датум: 11.03.2009 00:12:51
Kako be pred izborite site imaat vizija i imaat resenie??? Pa sto dosega ne se javivte?!
Од: Makedonija Македонија
Датум: 11.03.2009 01:20:24
Идентитетот е лична работа,а ИМЕТО е СВЕТО Македонија..Поважно е името од идентитетот..Идентитетот е индивидуален..а Имер нека не се плаши некој да не се декларираат бугари...од тоа се плашат албанците..Ние сме Македонци,ама од Македонија....Инаку немам ништо против Селмани....би го прашала на кој начин е толку богат во Македонија?
Од: Trajko Kimov Negotino
Датум: 11.03.2009 03:47:27
Naj razbran pameten zboruva najcisto Makedonski ako je siptar. Imam slusano za Imer Selmani koga bil gradonacalnik vo opstina Saraj bil naj pravicen predsedatel i podednakov iza Makedonci i za Albanci se falat Makedoncite tamu sto ziveat. Od Albanskite partii najgolemi sansi ima Imer Selmani.
Од: Dule
Датум: 11.03.2009 10:02:15
Како што тргна Имер, ќе ги растури и ДУИ и ДПА. Па и заслужиле!
Од: Македонец
Датум: 11.03.2009 10:34:48
Досега таква изјава не дал никој македонец политичар. И кога ги гледам сите недонесени, ајде македонци да го бираме господинот Селамни за претседател. Мене не ми воопшто смета што е Албанец. Мислам дека таков човек и треба сега на Македонија. Тој човек ќе ја уједини Македонија и национално и државно. Напред, да гласаме за македонскиот Обама.

Најди! во Утрински
Политика
Заев ја обвини власта дека ја води Македонија во црна дупка
Името не смее да биде измислено во лабораторија
Ѓорге Иванов вети, но не дојде на ТВ-дебатата на Телма
Граѓански карван за еднакви можности
Мора да се реши проблемот со името
Фрчкоски ги менува ставовите за името
Владата против „проектот Нимиц“