Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Граѓански карван за еднакви можности

Информирање и зголемување на мотивацијата кај инвалидизираните лица постари од 18 години за да го реализираат своето гласачко право на претстојните претседателски и локални избори во Македонија, како и нивно вклучување во програмите на политичките партии, се целите на проектот „Граѓански карван за еднакви можности - Избори 2009“.

Проектот го спроведува хуманитарната организација „Венера“, НВО од Прилеп, во партнерство со истражувачкиот и консалтинг-центар „Питер Ф. Дракер“.

Миле Стојкоски, учесник во проектот, информираше дека од 1 март го започнал патувањето со инвалидска количка низ Македонија со цел да има средби со инволвираните лица во изборите, да ги слушне нивните идеи, програмски определби и искуства кои се однесуваат на инвалидизираните лица како посебна популација. Тој потенцира дека до 20 март годинава ќе посети 24 града и ќе помине околу 1.000 километри.

Стојкоски потсети дека според законска регулатива, немоќните и инвалидизирани лица доколку сакаат да го остварат своето гласачко право, треба да се пријават до Изборната комисија во својата општина. (П.Р.)


Статијата е прочитана 263 пати.

Испрати коментар

Од: R.R.
Датум: 11.03.2009 00:23:22
Mnogu dobra akcija ! Posebno zasluzuva vnimanie zatoa sto so ova se dokazuva deka sekoj glas e znacaen i zasluzuva poseben tretman! Samo napred!

Најди! во Утрински
Политика
Заев ја обвини власта дека ја води Македонија во црна дупка
Името не смее да биде измислено во лабораторија
Ѓорге Иванов вети, но не дојде на ТВ-дебатата на Телма
Мора да се реши проблемот со името
Имам визија како да влеземе во НАТО
Фрчкоски ги менува ставовите за името
Владата против „проектот Нимиц“