Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Ѓорге Иванов вети, но не дојде на ТВ-дебатата на Телма

Од ВМРО-ДПМНЕ процениле дека Иванов треба да се појави на повеќе национални медиуми

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, вчера не се појави на ТВ-дебатата на телевизија Телма, која беше продолжение на телевизиското соочување со сите седуммина претседателски кандидати кое се емитуваше минатиот вторник.

Во Телма велат дека се изненадени од Иванов, кој не се појавил на дебатата, иако сите претседателски кандидати минатиот вторник дадоа јавно ветување дека ќе присуствуваат на емисијата овој вторник. Другите претседателски кандидати се интересирале кој се најавил дека ќе присуствува во емисијата, која требаше да се снима вчера, но го откажале своето присуство откако дознале дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ нема да дојде во Телма.

Емилија Лазаревска, автор на емисијата и одговорен уредник во Телма, е изненадена што Иванов не го одржал „јавно даденото ветување“. Сите обиди да стапат во контакт со штабот на Иванов во претходните два-три дена биле неуспешни.

„Се надевам дека кандидатите ќе се премислат и ќе се најдат сите на дебатна емисија идниот вторник, бидејќи тоа им го должиме на гледачите“, ни изјави Лазаревска .

Од ВМРО-ДПМНЕ процениле дека Иванов треба да се појави на повеќе национални медиуми, а не да учествува повеќе пати на ист медиум, а тврдат дека овој став им бил пренесен и во Телма. „Во кампањата имаме обврски да се сретнеме со граѓаните, а во исто време повеќе национални медиуми изразија желба за дебата. Задоволни сме од тоа како Иванов ги помина првите две дебати. Впечатоците на граѓаните се одлични. Цениме дека довербата во него порасна по тие дебати. Цениме дека дебати треба да се прифаќаат на различни медиуми, а да не се случуваат на еден медиум, што би било нефер спрема други��е медиуми, бидејќи интересот за покривање кампања од страна на медиумите е огромен, па затоа треба да оставиме простор и за другите медиуми“, ни изјави Илија Димовски од Центарот за комуникации во ВМРО-ДПМНЕ.

Противкандидатот на Иванов, Љубомир Фрчкоски, вчера прокоментира дека непојавувањето на Иванов значи бегање од соочување. „Концептот на овие избори е Владата ги води претседателските избори во име на кандидатот кој го кријат. Процениле дека веројатно сега ќе се заострат малку кампањите, односно дебатите, не само во однос на мене, туку веројатно и во однос на другите кандидати и затоа мислам дека го тргнаа од сцена. Веројатно така ќе го држат замрзнат и ќе го одмрзнат на 23 март“, изјави Фрчкоски. (Ж.Х.З.)

 


Статијата е прочитана 1765 пати.

Испрати коментар

Од: Dule
Датум: 10.03.2009 21:12:14
Човек кој 6 пати во минута ги менува ставовите и кој си показува на дадениот збор пред сите граѓани, нема неопходна психолошка тежина да биде гласан ниту за претседател на куќен совет, а камоли за претседател на држава.
Од: R.R.
Датум: 11.03.2009 00:11:29
SDSM mnogu raboti veti a nisto ne ispolni ! I toa ne na privatna televizija tuku na cel makedonski narod ! Pa cij grev e pogolem???
Од: ace
Датум: 11.03.2009 00:11:34
treba da gostuva i na drugi nacionalni televizii,na primer; gostin vo vestite na latas,kaj janko jadi burek, tomic, miilenko show,
Од: kavadarci
Датум: 11.03.2009 00:17:36
Sigurno postoi pricina sto ne se pojavil,a na Frckovski neka mu stane jasno deka posle izbori on ke bide zamrznat
Од: sveto
Датум: 11.03.2009 00:23:04
Tesko deka ke go odmrznat na nasa steta on ke ostane zamrznat celiot mandat ako bide izbran za Pretsedatel.Covekot nema sto da kaze. i to.
Од: miki maus
Датум: 11.03.2009 00:27:28
od se da se pravi fama.toa ti e sdsm
Од: Flaster siti
Датум: 11.03.2009 00:27:58
А бе каков дрмосерец е овој, нема да се појави ниту на изборите, не пак на дуели да излези!
Од: sss
Датум: 11.03.2009 00:29:32
of lele ,gospodine Frckovski ,so klevetenje ne se pokazuva intelegencija ,kazi nesto pametno,tipicna MK rabota sekogas drug e kri ,zosto pa ti ,jas ke bidam................vise preku glava mi e so ovie vesti od politika
Од: весна
Датум: 11.03.2009 01:42:07
Па и другите медиуми заслужуваат гостување на претседателските кандидати не е фер само еден медиум да го има тоа право на појавување на претседателските кандидати повеќе пати.
Од: Trajko Kimov Negotino
Датум: 11.03.2009 04:00:44
Ostavetego gospodinot Ivanov sega je preukopiran so izborite covekot si ima svoi obvrski jas se cudam i na televiziskite kuci duel se biduva ednas ane po dvapati ili tripati . Pa ovaa neje filmot dinastia pa celo vreme vo prodolzenie. Damu namesteme kreveti vo studioto i neka spiat tamu dokolku nekoj se razbudi od spienjeto i voditelkata vednas neka mu postavi prasanje dodeka je sonliv.
Од: Neopredelen graganin - Gospodine Ivanov vetuvate sve a LAZETE
Датум: 11.03.2009 04:36:40
Ako navistina VMRO-DPMNE procenile deka vpecatocite na graganite bile odlicni i deka doverbata vo Ivanov navistina porasnala po tie debati togas ZOSTO ne se pojavil pak na taa debata za kako sto velat doverbata kaj graganite uste poveke da mu porasne???!!! Ili mozebi e obratno, doverbata mu opadnala pa uplasen od toa ZATOA poveke ne se ni pojavil na debata. Jas kako obicen neopredelen graganin SAKAM da gi vidam site Predsedatelski kandidati na takvi debati za da procenam da znam koj kolku vredi pa potoa da glasam a ne da glasam za macka vo vreka odnosno za nekoj koj izbegnuva se krie. Toj sto se krie znaci nesto ne mu e cist obrazot ili ne e sposoben za taa funkcija. Ivanov veti deka ke se pojavi na slednata debata i nie so netrpenie go ocekuvavme toa ama toj veti i IZLAZA. Ete FAKT deka sve sto zbori LAZE.
Од: gledacka
Датум: 11.03.2009 04:37:02
oF, kutriot Ivanov zacrvenet od frutracija kako dete sto ne moze da se iskaka. Sto maz ke bese, sto intelektualec? Fujjjj!@!! Bev od neopredelenite glasaci, sega znam za kogo ke glasam.... Arriba Frcko!!!!!! ( za tie sto ne znaat spanski: NAPRED FRCKO!!!!)
Од: Трпе
Датум: 11.03.2009 07:49:47
Тоа беше познато уште кога дпмне-овците го одбра за претседателски кандидат по нарачка на мистер Рејтинг.Ѓоле ке си седи во десното крило на пастирот и нема да смее да превземе ништо без негово одобрение.Инаку на брзина може да биде промашена инвестиција.
Од: bale
Датум: 11.03.2009 08:02:58
Па изгледа медитира и измислува нови клетви, за друго изгледа и не го бидува...Изгледа ВМРО-вциве се насанкаа со кандидатчево, нема што??!
Од: Џони Златоуст
Датум: 11.03.2009 08:45:08
Зошто да се појавува Иванов? Не требаат ни другите. Фрчковски е самиот доволен да направи циркус. Нека го погледаат уште малку на ТВ, оти после изборите ќе го нема. Што се однесува до Иванов, гледачите ќе имаат прилика доста да го гледаат како претседател на Македонија.
Од: marjan od kumanovo
Датум: 11.03.2009 08:56:47
Sega problem bila TV Telma, ke se favorizirala?!Gluposti.Posle minatonedelnoto fijasko, komentirav deka na slednata debata Ivanov nema da se pojavi.Ocigledno sum bil vo pravo.
Од: revoltirana veleshanka
Датум: 11.03.2009 09:20:00
Kolku se licemerni ovie dpmne-ovcive;"ne bilo fer golemiot 'gospodin' Ivanov da se pojavuva samo na eden medium...c'c'c'"-oni se grizzat za toa dali e fer ili ne e, epa ako mislat deka toa ne e fer neka otidat i neka ponudat gostuvanje na selanceto Ivanov na site drugi mediumi po ednash - nas ne ni e bitno vo koj medium ke gostuvaat. Fakt e deka za nego odlucuvaat pastirot i negovite drugarcinja, a ne toj samiot posto toj rece deka ke dojde. Pa najubavo pretstavuvanje na kandidatite e preku vakvi soocuvanja, za da gi cueme negovite stavovi, negovite reakcii i donsevanja odluki, a ne montirani skapi spotovi od parite na gragjanite so rodninite koi go falat, pa normalno deka ke go falat...ja da ne ke go falam
Од: slartibartfast
Датум: 11.03.2009 09:20:07
Na slednata debata sigurno ke se pojavi Grujo namesto ivanov. Grujo trca naokolu kako da se parlamentarni izbori. Pa pocna i ministrite da gi seta so nego. Ete kolku e dobar Ivanov. Tesko nas.
Од: некој
Датум: 11.03.2009 09:38:33
Е па Телма не е Сител.Да го поканат на Сител тој пак ќе оди,ама таму глупостите што ги кажува му ги прекриваат,не ги објавуваат.
Од: Glasac
Датум: 11.03.2009 09:50:34
Ma kakvi debati ,kakvi bakraci. Djole e zadolzen da sedi vo skut kaj Pastirot i da povremeno deli kletvi i anatemi. Za dueli treba znaenje i inteligencija sto kutri Djole ja nema!
Од: Драги
Датум: 11.03.2009 09:53:17
Иванов е таков ХАОС од мисли и зборови, да и самиот себеси не си верува. А партијата што го предложи сега гледа која БРУКА од кандидат подржува. Затоа самата партија не сака тој човек да го пуштаат да зборува оти рејтингот ќе им го урниса за вечни времиња.
Од: Daki
Датум: 11.03.2009 10:18:48
Od kaj da znae da zbori covekot e prost ne da se zameri, ne smee da izlaga na televizija ke ispadne beter od Amdi
Од: Баракуда
Датум: 11.03.2009 10:58:21
Што ке се појавува, зарем има што да каже? Ке отвори уста и ке оплеска и сеа е под казна, не смее да збори, оти отиде рејтингот (само усште тоа им остана). Коа можеше да биде вулгарен и дрзок со една Дама (а воедно и единствен кандидат жена), што ни остануива натаму. Тој еднаквите на него не ги почитуа, а КАМО ЛИ ГРАГАНИТЕ НА РМ од кого леб јаде. Поздрав
Од: Бојан
Датум: 11.03.2009 10:58:41
Иванов не е ништо друго освен послушник на Карлито ( читај Груевски) кој ја застапува неговата тактика на што е можно помалку јавно соочување како би се виделе неговите и нивните несдостатоци. Па што друго може да го посоветува човек кој 3 години бега од јавно соочување?
Од: Baba Jana
Датум: 11.03.2009 11:07:08
Do Zlatoustiot; E pa sigurno gospodinot George procenil deka " Si taceret, philosophus maneret: ( vo posloboden prevod: "Da molci ce pomislime deka e mudrec") Verojatno nekoj mu kazal deka deka stom nekoj otvori usta, vednas mozeme da procenime kolku mu e umot, a ako si molci, mozebi ke poveruvame deka ima sol vo glavata.
Од: Bitola
Датум: 11.03.2009 11:11:26
Ami vmrovcite samo znat da KOLNAT i da kradat ida lazat.
Од: Зоран
Датум: 11.03.2009 11:37:50
Пази молим те - довербата кај граѓаните за Иванов пораснала после дебатите!!! Кога мавта тој бе! Па тоа е голема навреда за гласачите, па не сме глупи ние, па он вака да лаже и да му помине лагата! А соопштениево - не сакале само на една телевизија повеќе пати да одат - па нека одат и на други телевизии повеќе пати, како можат сите други кандидати да одат секаде каде што се поканети а он не може - море го кријат!
Од: goran
Датум: 11.03.2009 12:49:11
Ivanov ne e za soocuvanje, posle prvite 2 lugjeto vidoa deka e obicna anticka zabeganica!
Од: Ang" Sveti Nikole
Датум: 11.03.2009 12:54:08
AMAN, dosta so istite komentari, sto pravite copy-paste! Ako narodot ne go saka G-dinot Ivanov nema da odi vo tolkav broj na negovite mintinzi! I sto izlazal covekot! Nishto!Jas da sum na mestoto na Ivanov nema ni da se pojavam na javni dueli- pa ne go interesira narodot koj shto ima da si prefrli eden na drug ili da se naditruva, treba da se deluva. Ne treba da go gledame nasiot pretsedatel ako sedi vo fotelja na televizija. Pa Ivanov e pomegu narodot ne mu e strav da izleze i da odi po megu lugeto bidejki toj e so narodot.Tuku onie drugite sto lazat pustat i potcenuvaat treba da se zaprsat, a Ivanov e golem covek i hristijanin da paga na niskite udari na gubitnicite. Sto pravi toj sto gubi? PLACE! Kko moze da bidete tolku povrsni covekot e profesor na fakultet a ne profesor po malverzacii i navredi!Napred Ivanov za pretsedetel
Од: katja
Датум: 11.03.2009 12:56:59
Kaj ke dojde covece,ke mu ja izedat dusata za kletvite,sigurno mu e i sram))))a baska i dosta golema glupost isfrli minatiot pat,deka legnival i stanuval so Makedonija....haha covekot nema veze,iskreno mi e zal za nego!!!
Од: Fluid
Датум: 11.03.2009 12:58:53
Sosema opravdano otsustvo!!! Ubavo si pishuva deka im bilo kazano vo televizija deka chovekot ima drugi obvrski.. Debatata ne e nachin za pobeda ili poraz, aj neka zavrshat izborite pa da se vidat na debata.. Da vidime togash shto ke kazat site, a najveke Frle..
Од: Rade
Датум: 11.03.2009 14:03:45
Добро бе Ѓоле, биваше вака да ни направиш? Вчера дома испековме семки, кикирики, фативме бусија пред ТВ да го гледаме твоето Reality Show, а ти не зафркна. Дај малку похрабро, не баш со клетви, но појави се на дебати. Па вети нели, снимено е твоето ветување.
Од: Sase Spasovski
Датум: 11.03.2009 14:45:54
Pa nema da dojde zosto ako dojde djabe ke dojde koga e nepismen i ke neznae da zbori i da odgovori na prasanja? Nemoze takov nepismen covek da ni ja vodi drzavata.
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 11.03.2009 15:55:31
Незнам што дигаат толкава фама околу непојавувањето на Иванов на Телма кога убаво си кажа човекот дека во вториот круг ќе се појави со противкандидатот и негледам тука некој сериозен проблем за кој треба со денови да се дебатира.
Од: DarkoSK
Датум: 11.03.2009 16:32:51
Slabosta na ivanov se vide na minatite dueli, jas mislam i dosta se!!!:) DURI i clanovite na vmro svatija kolku e slab!! GREVCE!!! Mi nedostasuvaat negovite kiksovi i gluposti!!
Од: sv.nikole
Датум: 11.03.2009 17:13:23
epa i gruevski go potcenuvavte ama vi pokaza i dokaza kako se raboti za drzavata,zasramete se vie nafatirani deca na bivsi socijalisticki direktori,lesno e za vas tatkovcite odnesoa se od drzavata pa sega ke se bavete so kleveti i plukanje izgleda samo za toa ve biduva.

Најди! во Утрински
Политика
Заев ја обвини власта дека ја води Македонија во црна дупка
Името не смее да биде измислено во лабораторија
Граѓански карван за еднакви можности
Мора да се реши проблемот со името
Имам визија како да влеземе во НАТО
Фрчкоски ги менува ставовите за името
Владата против „проектот Нимиц“