Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

5 прашања 5 одговори

Името не смее да биде измислено во лабораторија

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Љубомир Фрчкоски

Име за меѓународна употреба, со историска референца и подобро од тоа што го прифати Владата на Самитот во Букурешт, вели Љубомир Фрчкоски

Оливера Војновска



Господине Фрчкоски, најавивте решавање на прашањето за името веднаш по изборите, прием во НАТО во септември. Како мислите да го реализирате тоа и на што го темелите оптимизмот дека другата страна (грчката) ќе сака да се постигне компромис?

Претседателот мора да има авторитет и интегритет и мора да направи прв дипломатски круг средби со стратегиските пријатели на земјата. А, тоа се САД и некои држави од ЕУ, кои ни се посебно блиски. Мора де се обиде и да успее да ги убеди дека Македонија е на позициите на кои секогаш била. А, тоа е вистинска НАТО-агенда, а не само пропагандно-реторичка. Значи, по тој прв круг средби, ние мора да ги отвориме преговорите, да ги активираме на онаа основа на која сме застанале во октомври-ноември. Тоа се гаранции за нашиот македонски идентитет и јазик и терминот македонски за нашите атрибути: националност и се' друго. Ќе се преговара за име за меѓународна употреба, кое треба да го замени акронимот ФИРОМ. Тоа име треба да биде подобро од она што го прифати Владата на Самитот во Букурешт - Република Македонија (Скопје). Такви предлози има и тие треба да содржат историска референца. Значи, да имаме традиција на такви имиња во минатото, да не биде измислено во лабораторија. Другата страна беше подготвена да направи компромис уште минатата година во октомври-ноември. Да се разбереме, не е се' чисто, има уште еден дел да се допреговара, ама затоа служат преговорите. Сега се наоѓаме во една нова ситуација. Владата и нејзиниот кандидат се обидуваат да ги изместат преговорите од линијата со Нимиц. Анализирајте ги термините: „Преговорите треба да се игнорираат“, „Нимиц ги истрошил своите идеи“ и главниот став дека овој спор не може да се реши, туку треба да се живее со него. Тоа значи дека Нимиц и Американците треба да ги исфрлите од проектот. Тоа значи дека треба да расправаме директно со Грција, или во рамките на ЕУ. Затоа се дава примерот со Словенија и Хрватска, но таму нашата позиција е послаба. Тие или го разбираат тоа, а не сакаат да го прифатат, или се доволно неуки за да не го видат. Нашата позиција сами со Грција е губитничка. Позицијата сами во однос на Грција и ЕУ, исто така, е губитничка. Добиваме само ако се во игра Американците и тука имаме шанси да извлечеме добар резултат и добар разумен компромис.



Ви забележуваат дека сте арогантен во настапите, но на телевизиските соочувања впечатокот беше дека сте премногу умерен, па дури и дека го штедевте Иванов?

Овие настапи не се полемички. Немам навика да упаѓам некому во збор, да се карам. Тоа никогаш не го правам. Моите ставови ги искажувам во мојот временски период што го добивам и тие се јасни, децидни и конкретни за прашањата од надлежност на претседателот. Попатно, имаше неколку критички забелешки кои се обидував да ги кажам во една помирна форма. Бев навистина вознемирен од аспектот да се фалсификува историјата и кандидатот на владејачката партија да се прикажува за советник на претседателот Борис Трајковски. Тоа е отворена лага. ВМРО-ДПМНЕ му сврти грб, јавно во парламентот се откажа од него. А, нивниот кандидат не само што не бил негов советник туку пишуваше текстови и одржуваше трибини на Правниот факултет против Охридскиот договор. Ме вознемирува кога некој отворено лаже, бидејќи нема кариера, нема искуство и сега треба да му конструираат искуство.



Во колумните се замеривте со многу луѓе од СДСМ. Мислите ли дека социјалдемократите масовно ќе гласаат за Вас?

Кога пишувам, не мислам на таков начин дали ќе се замерам со некого или не. Ги искажувам моите ставови, ги пакувам во форма во која колумните треба да бидат напишани, да не бидат здодевно четиво. Не правам компромиси со моите ставови. Некогаш тие може да се конфронтираат со десницата, левицата, центарот или со луѓе од Универзитетот и Академијата. Мислам дека СДСМ и другите партии со кои заедно настапува имаат искрен однос. Јас не можам да им наштетам, напротив, заедно можеме да избориме добар резултат. Личните суети се друга работа и не мислам дека се голем број. Во базата се чувствува голема поддршка за мене. Има едно ново будење. Ги полниме салите без да донесеме трактор или автобус. Резултатот мора да биде сериозен пораз на оваа политичка опција и нивниот кандидат. Наш противник е ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат. Со другите кандидати нема да се расправаме, а со некои и ќе се гушкаме.



Доколку станете претседател, ќе треба да кохабитирате со премиерот Никола Груевски. Како ќе функционира тоа?

Кохабитацијата подразбира да има различни интереси и Уставот предвидува како се разрешуваат конфликтите меѓу институциите на системот. Од друга страна, тоа многу зависи од политичкиот капацитет и авторитет на човекот кој ја врши функцијата. Кога претседателот создава надвор пријателства и кога тие пријателства ги носи како идеи внатре во државата, тешко кој би ги одбил. Немам време да се кавгам, да седнам и да се расправам со Владата. Тоа е една статична ситуација на луѓе кои немаат идеи што да прават со себе и со својата функција.



Верувате дека ќе биде поразена оваа политичка опција, сепак, доколку не се случи тоа, ќе му честитате ли на Иванов, ако тој победи?

Јас сум коректен човек, немам никаков проблем со тие релации. Во ниту еден момент нема него да го штедам, ниту политичката опција која ја брани. Но, тоа не е лична работа, нема никаква врска со моите лични односи спрема луѓето и со чувството за фер.

 


Статијата е прочитана 2762 пати.

Испрати коментар

Од: R.R.
Датум: 11.03.2009 00:09:29
Izvinete,rece nekoj deka treba da mislime novo ime?? Pa ova sto nie go imame e vekovno i nema potreba od novo! A za kraj,koj avtoritet go ima Frckoski????
Од: miki maus
Датум: 11.03.2009 00:14:11
covekov e genie.deset pati go ima promeneto svojot stav vo vrska so imeto,a sega glumi nesto.neka razberi ednas deka ne e toj onoj sto treba da se pazari za makedonija i nejzinoto ime
Од: Regaconi
Датум: 11.03.2009 00:47:29
Можеш да си играш покер со нешто лично свое и да си правиш комбинации ама со името НЕ. Во кој филм си човеку и кога ке резонираш дека НАТО и ЕУ се привремени асоцијации и не постоеле од секогаш а името ни е траен белег и бренд. Спор нема, Грција има проблем со нашето име. Преговорите под итно треба да се запрат за навек. Ако ЕУ смета дека Грција е во право , тогаш нема што да бараме во таква ЕУ. Ни треба само безвизен режим . Од Букурешт до сега не живееме ни подобро ни полошо
Од: kris
Датум: 11.03.2009 01:17:20
Име не се измислува, тоа се наследува! Како и сите и ние имаме наследено име: Македонија-Македонци! Што има тука нејасно?
Од: петар
Датум: 11.03.2009 01:36:48
Колку и да се прави Фрчковски сменет дека не вулгарен и арогантен не поминува добро го знаеме каков е!!!!Дури и во сдсм знам луѓе кои нема да гласаат за Фрчковски, неможе човек преку ноќ да се смени.Му ги имам читано колумните недоликува на човек педагог како него да употребува толку вулгаризми и во право е Иванов кога бара извинување.
Од: sasko kriva palanka
Датум: 11.03.2009 01:43:44
Definitivno najdobriot izbor za pretsedatel na Republika Makedonija. Samo napred iden pretsedatelu, nie sme so Vas!!!
Од: saso
Датум: 11.03.2009 01:54:03
A kako toa ke napravite sredba so Obama, Sarkozi ............ Dali nekoj ima vreme za vasite gluposti. Mnogu e jasno sto baraat od nas. Samo so promena na imeto nie moze da vlezeme vo NATO. A kako toa Frckovski ke im go smeni mislenjeto.
Од: Trajko Kimov Negotino
Датум: 11.03.2009 02:25:32
Zaboravivte damu postavite uste za edno prasanje: Dokolku Ivanov gi dobie izborite a frckovski gi izgubi izborite dali frcko ke zboruva posle deka izborite bea falsifikovani, lazni ,namesteni - pomija - izbori ovie mija skrsija nogata pod koleno.
Од: bramoni
Датум: 11.03.2009 04:49:19
Taka odgovara intelektualec i silna licnost. Vprocem nemu ne treba zastita od grb( partija)...Samo ako-ovcite sfatat deka ne treba da vladee turbo-lumpen-tolpata. Sto da im pravime na mentalcite, turbo folkerite, podrzuvacite na bronzenite spomenizi koga gi propustile prvite sedum godini od zivotot? Site li treba da bideme primitivni kako niv? Vo ovaa drzava ima i pristojni i kulturni i cesni lugje. Vo nivno ime i vo ime na pristojnosta i spasot glasam za Frcko!!!! Samo napred Frcko!!!! So tebe se pristojnite gragjani na Makedonija( ne se t.n salonski intelektualci)
Од: Trpe original e zacuden
Датум: 11.03.2009 04:49:52
Bas me interesira g-dine Frckoski koe bese liceto sto trcashe po cenetiot gospodin Gligorov da mu kaze deka juznite sosedi nudat golema suma na pari (mito) za promena na naseto ustavno ime.I vprocem me interesira ona FYROM,vo koja laboratorija go imavte skuvano???So godini plukavte po SDSM za da sega se najdete pod nejzina zakrila.Sledstveno na seto ova mora da vi kazam samo edna rabota a toa e deka vie ste najgolemiot LICEMER!!!Sramota.
Од: flying-monaco
Датум: 11.03.2009 07:58:51
G.Frcchkovski. Izgleda vie go koristite stavot na Sekerinska... Taa ke ja vneseshe Makedonija vo EU i NATO odma posle glasanjeto...Vakvi potezi ne gi prifakjaat glasachite, komentiraj neshto seriozno deneshnite pregovarachi imaat daleku poveke iskustvo i od vas i od site SAMOBENDISANI politichari na SDSM.Na lagite ne odi povekje Makedonskiot narod.Grcija sekoj znae shto bara od nas...
Од: Дејан
Датум: 11.03.2009 07:59:47
„Добиваме само ако се во игра Американците и тука имаме шанси да извлечеме добар резултат и добар разумен компромис.“ професоре, изгледа заборавате дека грците не блокираа за во НАТО иако во игра длабоко беа навлезени и Американците. ми се допаѓа вашиот оптимизам дека брзо ќе не внесете во НАТО ама мислам дека на сите ни е јасно дека грците не се спремни на „компромис“ да ние бидеме македонци кои зборуваат македонски јазик
Од: devicanecot
Датум: 11.03.2009 08:26:19
По се ми изгледа ова е личен весник на Фрчко. Ако тој има авторитет, како што вика првиот коментатор, тогаш сите да си седиме дома?
Од: Tasino Cesmice
Датум: 11.03.2009 08:57:24
Do Stabot na DPMNE. Kako vas mislat samo mal del od lugjeto vo Makedonija, vie partiskite poslusnici koi lepat plakati i dobivaat po 1000 denari i dva sendvica da se vozat po drzavava i da urlaat toa sto ke im se kaze. Za vasa zal narodot se svesti i po katastrofalnata politika na DPMNE imeto mora da go smenime,za dobroto na nasite deca i pokolenija. Od Makedonija ostana samo onoj del sto Tito ni go dade, i so vas ke go izgubime i toa.Nie ziveeme vo Severna Makedonija i ne gledam nisto sporno vo toa. No vasiot Firer kako bi vladeel so ovaa drzaza ako ne e problemot so imeto, ekonomija debakl,drzava pred propast??
Од: m-r
Датум: 11.03.2009 09:05:45
Sekoja cest, profesore.Od sekogas ste imale stav, iako so Vaseto mislenje nekogas ne se slozuvale edni ili drugi.Toa znaci deka mislite so svoja glava - a toa e odlika na eden vistinski intelektualec.Ne mi e jasno samo kako ke gi ubedite da glasaat za Vas onie koi se nauceni drugi da im crtaat kako treba da se glasa.A takvi vo Makedonija, za zal, se mnogu.
Од: kire
Датум: 11.03.2009 09:10:29
Frcko e idniot Pretsedatel na Makedonija!
Од: eleni
Датум: 11.03.2009 09:23:11
Nikoj ne se seti da vikne : oslobodete go Tibet!!,
Од: Trajan
Датум: 11.03.2009 09:24:02
Očigledno Dr.Dulitl gi ima rešenijata za se vo rakav ama nema šansa da gi sprovede.Pa i nema da gi gi sprovede oti na izborite nema da dobie ništo ni vo prviot krug , pobrgu narodot će glasa za Selmani odkolku za Danailov ( Frčkoski) kako saka taka si gi menuva preziminjata.Koga gi pišuvaše kolumnite togaš ne misleše deka nekoj će go predloži za kandidat za predsedatel pa gi vređaše site, iako toa na eden profesor ne mu liči da se odnesuva so takov rečnik,a sega saka da bide predsedatel.Frčko (Danailov) treba da razbere i da svati deka Makedonija e vo Evropa a ne vo Amerika,pa zatoa prvo treba da se integrira vo Evropa , a tek potoa za Amerika , no očigledno čovekot ne znae deka toa se različni dva kontinenta.Za imeto , ako misli da napravi kako so svoeto fala Vi mnogu ostavete go toa da go sraboti nekoj popameten oti toa ne e nitu Vaše nitu moe nitu na koja bilo politička partija, toa e vekovno toa e istorija na eden napaten i večno potlačen narod koj posle tolku dolgo vreme znae štoe
Од: mene
Датум: 11.03.2009 09:53:39
Vaka zboruva covek so jasni stavovi. Ivanov nema pojma sto zobruva, nema ni vizija ni stavovi. Rece ce pregovaral so pretsedatelot na Grcija, pa toa ce odelo paralelno so ovie pregovori, pa LAZE deka go sovetuval Trajkovski... Pa nesto e protiv antikvizacija, a negoviot premier se setase so Hunzite. Nesto igra i vaka i taka, samo za da s eprikaze umeren, a e marioneta vo racete na Gruevski. Ako pobedi Frcko c eimame balans na sili i barem nekoj so vistinska vizija za vo EU i NATO, a ako pobedi Ivanov e togas ce bideme vistinska diktatura. Ce ni se mnozat krivicnite prijavi protiv novinari i ce ni se mnozat SWEDMILK investicii. Frckovski barem jasno kazuva deka ce prifati severna Makedonija barem da mrdneme od ovoj uzas i tinja vo koi se naogame. A onie koi komentiraat za "VEKOVNO IME", neka otvorat bilo koj anticki tekst, ovoj del od Makeodnija sekogas e narecen GORNA Makedonija. A samo Makeodnija podrazbira nesto mnogu pogolemo od nasava Makeodnija i mora da gi razgranicime rabotite!
Од: R.N
Датум: 11.03.2009 10:17:08
Tocno e deka vo kolumnite ili usmenite izlaganja na G-dinot Grckovski ima edena pogolema doza na arogancija, no POZITIVNA arogncija, izrazuvajki se podednakvo kriticki kon bilokoja partija. Toa bi trebelo da znaci deka ovoj covek ne i nema da podlegne na nikakvo vlijanie i od nikogo, protiv svoeto ubeduvanje. Ovboj znak trebe da ne raduva. Sto nekoj mu zameruva deka vo 2004 godina imal edno misenje,a deneska go promenil, po jasno, 2004 godina polozbata na Mk; Ne bese takva kako sto e deneska. Vproceml, ne za dzabe postoi izreka " samo idiotite ne go menuvaat svoeto mislenje" Deneska sme tamu, KADE SMLE, za zal. VO odnos na FYROM; izliteno za da se objasnuva na novo, ako nekoj nejke da svati, aslucajot so ponudenite pari, itoa ....toj samo kolku razbiram JA PRENEL PONUDATA! Za zal, ne sme narod inaetcii i ne sakame da gledame dekatrebe da go zememe patot naIDNINATA, samo ne zaboravajki go minatoto...
Од: честитики
Датум: 11.03.2009 10:38:42
Честитки до Вас професоре, а тие што мислам дека направиле нешто, напрвиле само магла, и мислат дека Хунизите у НАТО ке не внесат. Американците се и те како стратешки партнер на МК и те како треба да се искористи нивната подршка (Ако у мегу време овие не направат некоја глупост). А за тие што мислат дека Американците не вредат, нека видат колку проценти допринос има САД у НАТО а колку СИТЕ ДРУГИ ЗЕМЈИ ЗАЕДНО. Со почит
Од: Branko
Датум: 11.03.2009 10:46:41
ODLICNO barem preku ovie intervjua ke se vidi koj sto i misli na Makedonija.Treba so site kandidati da se napravat intervjua i da se vidat kakvi pogledi imaat vo vrska so pregovorite za imeto.Toj sto ke se proiznese za nemenmuvanje na imeto i na prekin na pregovorite treba da se izbere za Predsedatel pa ne e vazno i ako e Albanec.Trebalo da go prasate gospodinot Frckovski sto e po nacionalnost i od koja zemja e???I zapametete ja izjavata na eden Amerikanski politicar koj rece deka"Imeto ne moze NIKOJ da vi go smeni bez vasa soglasnost" sto sakate pojasno od toa.Seto ova na krajot ke izleze "Pa vie se soglasivte i na pregovori i na promena na imeto"
Од: Kole Mangov
Датум: 11.03.2009 10:58:05
Moesto ime vo Grcija e Nikolaos Mangos.Frchkovski i tie shto kako nego go negiraat mojot stav prifakjaat promena na imeto na nashata drzava.Toa e isto kako da prifakjjat jas da se imenuvam kako shto sum imenuvan kako udar na grchkoto nasilstvo, koe mojata Banica ja preimenuva vo Vevi, kako shto gi preimenuva site naseleni mesta, site nas, vo Egejska Makedonija, koja ja prekrsti vo Makedonija vo 1988, kako spremnost za agresija protiv nashata drzava.
Од: Џони
Датум: 11.03.2009 11:12:11
Браво! Ептен ми се допаѓа што има цврст став за сите прашања, не се збунува и не е контрадикторен. Мислам дека од сите понудени кандитати за оваа функција е најсоодветен. Многу подобро интервју од тоа на Ружин вчера, ќе видиме Џоле што ќе каже па ќе споредиме.
Од: Teodora
Датум: 11.03.2009 11:22:57
Istorijata e kako reka-tece i menuva.Vsusnost,ona sto ostanuva zad nea e istorija G.Frckovski e bistar um,mudar i brzo reagira.ne ceka dosepnuvanja sto bi dosle od nekoi nedomislenosti. Ovde nekoj rece deka znael lugje od SDSM koi ne bi glasale za g.Frckovski.Znaci,toj ne e od taa partija,ne me znae mene,a jas vo ovoj moment znam deka ke glasam za g.frckovski,koj godini na red se obiduvase da sozdade kreativno opstestveno mislenje za nestata sto se slucuvaat vo i so RM. I dosta so toa-edinstveno g.Ivanov sam za site nas.Ako e taka neka go imenuva vladeackata VMRO-DPMNE,neka kaze g.Gruevski "takov poslusnik mi treba'jas ke mu kazam sto da pravi"i da ne odime na izbori.Zosto pak toj trosok da se pravi,ako prepolniot bugjet od pred dva meseci se veli deka e -prazen,pa ne mozat da se isplatat mlekarite,stecajcite i sijaset drugi vturnati vo beda.
Од: З.Т.
Датум: 11.03.2009 11:45:09
Фрчковски се прави дека може да го реши спорот со Грција за името. И самиот и другите ги лаже и не е за верување. А нека не се занесува нема да биде ни претседател на Македонија. Ќе си остане само професор и ќе ги лаже студентите на предавања.
Од: Теарчанец
Датум: 11.03.2009 12:09:51
Е, драги мои Хунзи! Зарем е можна споредба на Иванов со Фрчкоски. Знате, се повеќе заличувате на толпа плиткоумни кои се палат само на Латас, Томиќ, Миленко, Јанко Јади Бурек и на бумбарите во Стетел. Вие знате ли да прочитате некоја анализа или само да урлате?Само после кога ќе јадете корења да не викате пак СДСМ не заеба.
Од: struja
Датум: 11.03.2009 12:23:13
za stavovite na g. ljubomir frckovski na site ni e jasno tie se kako vremeto vo mart na sekoj pet minuti promenlivo. Pa zatoa ne veruvam deka 20% od SDSM ke go podrzi a da ne zboram za neopredelenite. Razocaran sum od ponudata an SDSM na kandidat za precedatel. Kovek koj sam sebesi se pobiva so tezi da ne zborime za sorabotnicite. Nazdravje neka ni se izborite????
Од: од мене
Датум: 11.03.2009 12:35:54
Мислам дека паметните луѓе,интелигенцијата,оние што мислат со своја глава,нема да дозволат да не водат луѓе како Иванов.Конечно ќе се разбудат од овој кошмарен сон и ќе гласаат за Фрчко.Има ли поголемо понижување за Македонецот да не води човек како Иванов,изваден од ракав.Помина времето кога за ВМРО важеше правилото и магаре да врземе ќе добиеме.Или можеби важи??????????
Од: antula
Датум: 11.03.2009 12:38:57
Ejjjjj, poleka vmro-vci,cekajte na red da go kritikuvate Frckovski,ili ke ve kazni Pastirot ako ne go vidi vasiot nadimak vo ova statija.Ne vikam deka Frckovski e praviot izbor no za vasiot Ivanov koj e ziv tupak e izmislen.Covekot barem ima iskustvo vo poltikata,znae sto da kaze pa kako i da vi zvuci toa,ima recnik i odgovor za sekoe prasanje a ovoj vasiov STRAVA -covek da mu pozavidi na glupostite sto gi treska. Nemam videno ponespremen covek koj se kandidira za pretsedatel. Ivanov i Amdi Bajram vo kombinacija Nuklearna bomba.
Од: kate
Датум: 11.03.2009 12:53:08
Jasno e kako den deka Frcko e protiv SVE sto e povrzano so antickoto nasledstvo, a istovremeno predlaga ISTORISKA REFERENCA! Koja e taa referenca Frcko? SLAVOMAKEDONIJA I SLAVOMAKEDONCI? Ako e taa, togas so ova ni dokaza deka si na platen spisok na Grcija! Na grckite mediumi po 10 pati dnevno se forsira toj predlog. Nie sme bile Slavi-Sloveni i zatoa mozelo da bide Slavomakedonija. ZNACI GRCITE KE JA DOBIJAT ISTORIJATA, A NIE KE DOBIEME GEOGRAFIJA! BRAVO FRLE!
Од: anita
Датум: 11.03.2009 12:57:55
E ova covek za precednik!Jasno, hrabro i pametno!Nema kletvi, nema antiki, salati is licni gluposti!
Од: Fluid
Датум: 11.03.2009 13:00:41
Neznam zashto ne go zaprashaa, koja e prichinata shto kaj e da duvne veterot tamu e Frcko...
Од: prilepcanec
Датум: 11.03.2009 13:04:41
Samo napred Frckovski taka treba! Frcko Pretsedatel na Makedonija.
Од: Ang" Sveti Nikole
Датум: 11.03.2009 13:15:36
HHHMMMM, ova e statija ili predavanje? Pa se grebete za ocenki kaj "profesorot".Ne ni trebat poveke lazni definicii i teorii a so plukanje po Ivanov nema nishto da dobiete. A za komentarot za stabot? imate greshna informacija ne davaat 1000 denari i sendvca tuku rabotni mesta i dogovori za rabota na neodredeno vreme? I ne samo na partiski clenovi tuku na site koi zasluzuvaat!I vednaas da vi odgovoram ..moeto go dobiv po 6 godini rabota koga dojde VMRO DPMNE na vlast!A vie dodeka bevte sto dadovte? Taka li ke odete vo Evropa so narodot shto go brkavte? I da ima svetska kriza ama kriza luge postoi kaj nas od 90.Zarem ne naucivte dosega deka so zborovi ne biduva nishto!Trgnete se luge clenstvo nemate poveke sto sakate, nitu idei nitu realizicaija, izberete ja pobednickata strana na IVANOV!Za dzabe se lazete i ubeduvate fakt deka IVANOV ke pobedi!
Од: zoki
Датум: 11.03.2009 13:34:02
I mene mi smeta FYROM.No veke 15 god.sme FYROM(ime na drzava), no kulturnite zemji za identitetot i jazikot ne ne oslovuvaat so firomci,firomki ili firomcinja, tuku kako makedonci,makedonki i makedoncinja.
Од: gragjanin
Датум: 11.03.2009 13:35:38
Kaj nas se meshaat babi i zhabi. Nikoj ne mozhe da ti go smeni ETNICHKOTO ime, na pr. nasheto e Makedonci. A, politichkoto, drzhavnoto ime na edna teritorija, mozhe da se menuva. Na pr. Germanija,Italija (ja sostavil Garibaldi), Francija, : toa se dogovorni iminja od narodite shto zhiveat tamu na drzhavite sozdadeni pred 130 do 200 godini. i tie ne postoele pred toa pod tie iminja. Malku poopshto poznavanje na rabotite, ne ke e na odmet. Normalno, navikata si go pravi svoeto:jas, lichno, go sakam imeto Republika Makedonija, no toa e druga tema! Kako shto e drugas tema toa shto poradi svoi interesi nekoj ne ni go prifakja drzhavnoto ime
Од: zap ev
Датум: 11.03.2009 15:28:45
frcko gresi a i mak koga pridavat pregolemo znacenje na sad a sad vrska nema so eu duri od ljubomora od konkureccija predviduvat raspad toa go predviduvaa i pred 30godini........klucok e vo eu i brisel za vlez vo eu treba drugari t.e. bratski narodi kako slovenci,bugari,cesi,poljaci treba da urgirat za nas istoto kako sto germanite,nordicijte ce urgirat island da vleze vo eu ako posaka a vlada resava za ime ne pretsedatel zatoa frcko trese gluposti toj nisto ne napravi vo 90etite za ime i mak za zal nema aslani kandidati za pretsedatel tesko na mak........mozebi vlada sepak ce napravi nesto popametno ice prestane so antika tuku so praktika i ce ne vlase vo eu.
Од: igor
Датум: 11.03.2009 15:38:14
Frckovski neka kaze sto toj i negovata partija imaat napraveno za Makedonija a ne samo da obvinuvaat Ova napravija ,ona napravija ...a tie ? sto tie napravija?
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 11.03.2009 15:52:55
Со изјавата дека по изборите ќе го реши спорот околу името, нема да има прилика бидејќи победате ќе отиде кај Ѓорге Иванов, и да имал решение каде беа за време на нивното владеење, сега е касно за СДСМ да се истакнува.
Од: DarkoSK
Датум: 11.03.2009 16:27:47
Mora da vlezeme vo eu!! Ne me interesira koj ke bide pretsedatel, sakam da se vleze vo eu, i dosta so toj kvazi patriotizam!!! zaostanuvame vo sekoj pogled!!!
Од: od grk/siptar/bugarin/srbin
Датум: 11.03.2009 17:03:04
vaka...citam ovdeka i si velam....more be ..so ke bilo ova prokopsan narod...teintelektualci..(od SDSM) te (vmr OVCI) ..si te si pravatte pazar za sebe.....koi ste vie...koi sne nie!!!istoraija da ima..istorija da nema....anticki --slavomakedonci..od na titova jugoslavija..makedonci!!koi sne ..koi ste..eee prokopsan narode....da recam Makedonci ke gi vregam SDSM... da recam za vo NATOvci..ke gi vregam VMRO...znaci tie sto sakaat Makednoija da bide makedonija..neka si sedat vo makedonija..a pak ovie ..sto i sakale demek dobro ..na makedonija..eve ..neka si se isselat.na primer vo Grcija/Albanija/Srbija ili e ve vo evropska Bugarija..kaj prokopsanite i nekane ostavat nas neprokopsanite...STRAM DA NIE NA SITE....USTE STE ZASTANALE OVDEKA DA PISUVATE..ZA OVOI ...koi negovite dedovci vo grobovite se prevrtuvaat od negovite izjavi..neka ni sluzi na cesta..od eden Makedonec...
Од: Vineam Makedonski
Датум: 11.03.2009 17:41:07
Dragi gospoda os SDSM dali malku razmislivte koga go stavivte gos.Danailov za kandidat sto napravivte i onaa malku simpatija sto ja imav lon vas ja izgubivte trebase prvo da otidete do gospodinot poranesen predsedatel na Makedonija gos Kiro Gligorov da porazgovrate za parite sto mu gi nudel Danailov ili FRCKO za da Makedonija go promeni imeto a ako ima nekoj i od partijata SDSM da glasa za nekoj sto nudi pari da si go smenime imeto sram da mu e i dobro veli Ivanov a jas go smeniv i ke recam: ,,Koj sto i misli zlo na Makedonija najgolemo zlo da go snajde"
Од: Jimmy
Датум: 11.03.2009 18:20:56
Make.. i make i make i makedonkari... po svetlo ovako....

Најди! во Утрински
Политика
Заев ја обвини власта дека ја води Македонија во црна дупка
Ѓорге Иванов вети, но не дојде на ТВ-дебатата на Телма
Граѓански карван за еднакви можности
Мора да се реши проблемот со името
Имам визија како да влеземе во НАТО
Фрчкоски ги менува ставовите за името
Владата против „проектот Нимиц“