Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Култура

Моите обиди да диригирам во Македонија се без успех

Диригент се станува со време, а не со завршување на студиите, вели диригентот Оливер Балабурски

Тина Иванова

Македонскиот диригент Оливер Балабурски изминативе пет години живее во Канада, поточно во Мисисага, град кој е дел од Торонто, и работи како диригент на оркестарот „Hart House Chamber Strings“. Годинава ги заврши и мастер студиите со титула „Master of performance, Master of music“ на Универзитетот во Торонто и Факултетот за музичка уметност. Неколкуте настапи со Симфонискиот оркестар на Универзитетот во Торонто и концертите во една од најголемите англикански цркви, изведувајќи дела од Бах и Рахмањинов, се дел од неговите активности во изминатиов период, а вели, во моментов е во преговори со Канадската Опера за идна соработка. Оливер Балабурски беше еден од најангажираните диригенти кај нас пред неговото заминување од татковината, и за време на неговото петгодишно живеење во Канада, во Македонија дојде само два пати и тоа еднаш на покана од Македонската филхармонија во 2005 година и еднаш од Македонската опера во 2006.

Нејасна е причината зошто македонските афирмирани, пред се, музички уметници кои живеат надвор од државава се ретко присутни во својата земја со свој сопствен уметнички и креативен ангажман. Особено што се однесува на диригентите, професија која кај нас е една од најретките, а во светот ја сметаат за една од најделикатните. На прашањето, дали е тоа несвесна негрижа на одговорните институции, или е изместено нивото на свеста за вреднување на нештата, а можеби причината е финансискиот аспект, Оливер Балабурски вели: „Во Канада сум веќе пет години и оттогаш наваму не сум поканет во Македонија. Моите две навраќања во Македонија ми дадоа надеж за постојана соработка во која ќе можам да придонесам како уметник. Направив неколку обиди и разговори, но без успех. Многу време размислував што е причината, но не успеав да дојдам до логичен одговор. Длабоко сум убеден дека Министерството за култура и премиерот немаат во план да не ги контактираат или канат македонските уметници кои живеат и работат во странство од различни причини. До сега нивната културна политика била високо коректна. Исто така, не верувам дека финансиите се причина. Не е ништо поскапо да поканите некого од северно-американските држави и од Европа. Многу е мала разликата и ако идејата е да поканите македонски уметник, тоа не би требало да е проблем. Сигурен сум дека се работи за некој административен пропуст кој е лесно поправлив. Причината не е во мене и секогаш сум расположен за разговор за гостувања. Со големо задоволство би дошол да настапам со моите колеги од Операта и Филхармонијата“.

Причина за неговото заминување од земјава не е незадоволството од неговата матична куќа Македонска опера и балет, како што многумина сметаа, и не е врзана, вели, со неговата реализацијата во Македонија на уметнички план, туку е приватна. „Моите почетоци беа врзани со Македонската опера. За време на студиите започнав да работам како асистент хор-мајстор и полека со работа и дадени можности дојдов до позицијата шеф-диригент и уметнички директор. Во тој период навистина ми беше чест да бидам на чело на ова институција со цел да овозможам репертоар и услови тој да се оствари. Многу успешни и големи премиери, концерти и редовен репертоар се случија, на наше и на задоволство на публиката“, вели Балабурски. „Според тоа, моето заминување од Македонија се базира само на приватните планови“.

За состојбата во однос на професијата диригент, за која во неколку наврати досега пишувавме, дека оваа сфера од музичката дејност кај нас не го задоволува квантитативното ниво, а со тоа и конкурентниот однос, па и квалитетот, Балабурски вели: „Не знам каква е состојбата на Факултетот за музичка уметност во Скопје сега, а и не би сакал воопшто да ја коментирам. Верувам и се надевам дека мојот колега и пријател Саша Николовски- Ѓумар заедно со деканатот на ФМУ прават се да создадат идни диригентски кадри. Ако нешто не е во ред, треба да се разгледаат причините и да се понуди решение. Тоа е доколку навистина има индикации за таква состојба. Се разбира, диригент се станува со време, а не со завршување на студиите. Секогаш треба доусовршување преку мастер-класи, семинари и практична работа со оркестар. Сигурен сум го знаете тоа дека пливањето се учи во базен, а не на суво“. Како сега, од дистанца, а информиран преку медиумите, гледа на развојот на македонската култура, Балабурски вели: „Се што дознавам за развојот на македонската култура е преку интернет, весниците и лични контакти со моите колеги од Опера. Тие ми велат дека навистина многу работат, долги часови и постојано подготвуваат претстави. Тоа многу ме радува и ми кажува дека работите се движат во убав правец. Читам и дека Македонската филхармонија има доста разновидни концерти и програми, како на пример Првата симфонија од Малер која ја предложив како програма пред повеќе од година, но ете се изведе сега под раководство на друг диригент. Прекрасно дело. За жал, не можам да бидам таму и да ви кажам за квалитетот, но не се сомневам во моите колеги. Сигурен сум дека даваат се од себе програмите да бидат презентирани на највисоко ниво“.

По петгодишниот престој во Канада, Балабурски вели дека не може, особено на културен, односно на музички план, да се направи споредба со она што во Македонија се случува. Вели дека било каква споредба на Северна Америка генерално и Европа или конкретно Канада и Македонија е невозможна. „Професионалните оркестри или оперски куќи овде се сосема поинаку организирани. Самиот податок дека со многу мал дел се финансирани од Владата и голем дел од донации, пријатели и продадени карти кажува дека нема заеднички точки во тој поглед. Организациите им се големи со голем број на вработени. Квалитативното ниво тука е навистина многу високо со целосна и постојана подготвеност за проби со многу сериозен пристап, бидејќи знаат дека ако немаат доволно добар концерт ќе загубат публика и пари. Со други зборови, одговорноста и професионалноста е мотивирана со нивниот опстанок во музичката индустрија. Како е во моментов во Македонија на тој план, немам доволно информации за да направам било каква споредба, но сигурен сум дека Министерството има потполна контрола и доверба врз работата на институциите“, вели Балабурски.


Статијата е прочитана 334 пати.

Испрати коментар

Од: Archelay
Датум: 11.12.2008 09:32:27
Ova momce prvo neka objasni zosto bez potreba angazira 7 muzicari od Albanija vo nasata Opera na Ohridsko leto vo 2001. I neka objasni zosto jas(avtorov na ovie redovi)Boris Tanaskov se sprotivstavuvav na toa.Jas i ponatamu tvrdam deka toj likuvase zaradi toa sto na Makedonija i se sluci taa godina.Toa sto kazuva deka postignal uspeh vo Kanada se obicni prikazni oti ako e taka se se plasam deka ne ke gi izvestel nasite mediumi kako sto toa obicno go pravi sekoj umetnik.Momceto saka da dirizira ama nema kade i jas potpolno go svakam.
Од: makedon
Датум: 11.12.2008 17:39:16
Ne veruvam deka gospodinot Oliver zaminal samo poradi privatni pricini. Imase tuka i mnogu nezadovolstvo kon negovata maticna kuka so sigurnost. Oti da bile samo privatni pricini i da zasluzil soodvetna pocit od vrabotenite vo negovata bivsa maticna kuca, tie ke go ispratea onaka kako mu dolikuva na eden vistinski umetnik; so prostalen koncert vo negova cest a po povod negovoto zaminuvanje vo Kanada. A toa za nego ne se napravi, sto samo po sebe kazuva mnogu . I samo uste eden mal komentar . Nitu Igor i Ana Durlovski, nitu Boris Trajanov, nitu Blagoja Nacovski , i site drugi vistinski golemi Makedonski umetnici ...da ne gi nabrojuvam site, nikogas ne pobarale sami da gi viknat vo sopstventa tatkovina za da gostuvaat! Site tie zasluzile i bile pokaneti onaka kako sto i sekoj vistinski Makedonski umetnik zasluzuva.
Од: ...
Датум: 11.12.2008 18:18:46
G-ne Balaburski steta sto si zaminavte od Makedonija.Podobro e da ne znaete sto se (ne) se slucuva na Fakultetot za muzicka umetnost,posebno na oddelot za dirigiranje....vsusnost se prasuvam dali moze toa voopsto da se narece oddel.Dirigiranje na snimki,neredovni casovi....seto toa ne vlijae motiviracki na bilo koj student...a voedno i ne go razviva negoviot talent.Uste ednas ke kazam...steta sto si zaminavte.Poznavajki ve,mozebi ke mozevte nekako da pomognete na ova pole.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Аматерско драмско студио од Тетово патува во соседна Србија
Педесет и петта годишна изложба на ДЛУМ
Меѓународна конференција „Современиот танц денес“
Хит-романот „Гомора“ од денеска во „Матица“
„Роман на годината“ ја враќа вербата во наградите