Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Банкарите воздржани, Владата контра мерките на НБМ

Власта смета дека мерките може да доведат до натамошна контракција на економската активност

Соња Маџовска


Банкарите се воздржани за најновите мерки на Народна банка на Македонија, кои завчера ги усвои Советот на НБМ. Тие беа главна тема и на вчерашната новогодишна средба на гувернерот со првите луѓе на банките во земјава. И додека НБМ, поради констатирана намалена ликвидност кај банките, донесе вонредни мерки за одржување на стабилноста на банкарскиот систем во услови на светска криза, банкарите демантираат дека им снемува свежи пари.

И Владата не ги поддржа целосно мерките на НБМ. Таа остава времето да покаже дали НБМ одбрала добри механизми за зацврстување на сигурноста на банкарскиот систем.

Наспроти констатациите на централната банка, банкарите велат дека се' уште одржуваат висока ликвидност, иако признаваат дека поради кризата и падот на производството во клучните извозни индустрии, очекуваат помалку приливи на средства во банките.

„Не е загрозена ликвидноста на Комерцијална банка. Дури имаме и вишок ликвидност. Имаме значителен износ на запишани банкарски записи во НБМ, девизни резерви, така што немаме проблем“, изјави директорот на Комерцијална банка, Хари Костов, пред средбата со гувернерот.

Според него, 2009 ќе биде тешка година во која и банкарскиот сектор, и населението, и стопанството ќе мора да се приспособуваат на новонастанатите состојби. „Не би рекол дека стравуваме од она што не' очекува во 2009 година. Но, сигурно, наша оцена е дека 2009 ќе биде тешка, пред се' за реалниот сектор, односно во делот на производството, металургијата, текстилот, преработувачкиот сектор. Нивните цени паднаа, падна и побарувачката за тие производи. Со падот на цените автоматски ќе има и помал девизен прилив. Тоа во секој случај ќе се одрази и на помал приход во банките“, вели Костов. Тој смета дека ќе продолжи кредитирањето за добрите фирми и за нив нема да има проблем.

Сите се согласуваат дека 2009 ќе биде тешка и за банкарскиот сектор, но негираат дека имаат проблеми со ликвидноста. „Очекуваме позитивни ефекти од се' што се презема, како и од досегашните активности на Народна банка. Моја процена е дека не е загрозена ликвидноста на банките, тие се' уште имаат висока ликвидност“, изјави вчера Јосиф Ефтимовски од Инвест банка. Според него, добра е и мерката на НБМ со која на банките им се дава можност задолжителните девизни депозити, наместо во некоја од реномираните европски, сега да ги депонираат и во НБМ. Тој вели дека тие ќе чуваат пари во центр��лната банка.

Директорот, пак, на Еуростандард банка, Срѓан Крстиќ, рече дека прво треба детално да ги разгледаат мерките.

Владата не ги поддржа целосно мерките на НБМ. И вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за финансии, Трајко Славески, вчера изјавија дека тие се различни од мерките што ги преземаат банките во цел свет, кои одат со намалување на основните каматни стапки. Тие сметаат дека банкарскиот систем нема проблем со ликвидноста, дека банките се во добра кондиција и можат да продолжат со кредитна активност.

„Централната банка е независна институција и има право на мерки, но од она што првично можев да го видам сметам дека мерките може да доведат до натамошна контракција на економската активност и дека одат во насока која е различна од она што го прават другите централни банки“, изјави Ставрески.

„Според своите процедури, НБМ треба да се грижи за ликвидноста на банките. Дали се добро одбрани механизмите што ги предложи НБМ, останува да покаже времето“, изјави Славески.

Сите демантираат, но централната банка објави дека се намалува ликвидноста на домашните банки, па затоа, во обид да ја зацврсти сигурноста, им наложи во секое време да чуваат минимално ниво ликвидни пари. Секоја банка поединечно треба да има резерва во сума што ги покрива шестмесечните обврски на банката. Со мерките, исто така, се оди и на ограничување на кредитирањето. Граѓаните следната година потешко ќе доаѓаат до кредити, со оглед на тоа што НБМ утврди лимит овие кредити на годишна основа да не надминат раст од 11,3 проценти. Ако банките го надминат овој месечен лимит, ќе треба да издвојуваат задолжителни депозити кај НБМ. Советот отвори можност девизни депозити банките да чуваат во НБМ наместо во странски банки за да не бидат подложни на кредитен ризик. Изложеноста кон странски банки да се пресметува во полн износ, а не како досега со 20 отсто од износот.

 


Статијата е прочитана 416 пати.

Испрати коментар

Од: sasko
Датум: 27.12.2008 00:46:00
a kon koj ili sto vladata ne e kontra veke?
Од: St.Patrik
Датум: 27.12.2008 03:10:34
Vicepremierot i Profesorot imaat podobri informacii za likvidnosta na bankite od guvernerot? Ako e toa taka, duri togas crno ni se pisuva na site..
Од: Хариматахари
Датум: 27.12.2008 09:47:40
Па погледнете кој е гувернер и се ке ви стане јасно.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Економијата во третиот квартал порасна за 5,5 отсто
МАТ ќе се приземји ако не ги плати долговите
Кредитното биро ќе не' штити од презадолженост
„Вијагра“ слави десет години
Банката не ја плаќа казната, ќе оди на суд
„Сувенир“ остана без инвеститор
Берзата не работи на 31 декември