Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Економијата во третиот квартал порасна за 5,5 отсто

Неизвесно е каков БДП ќе има на крајот на 2008 година поради крахот на металските фирми

Маја Томиќ

Последните статистички податоци покажаа раст на бруто-домашниот производ од 5,5 отсто во третиот квартал од годинава, во споредба со истиот период лани. Растот, всушност, ја отсликува состојбата во економските движења во јули, август и септември пред да се почувствуваат последиците од светската економска криза. Неизвесно е што ќе покажат завршните статистички анализи за БДП од последните три месеци годинава, ако се има предвид дека металургиските компании и рудниците се затворени или работат со мал капацитет, поради падот на цената на металите на берзите, а илјадници вработени се на принуден одмор.

Она што е посебно значајно е што токму металскиот сектор учествува во градењето на вкупниот БДП со околу 12 отсто, така што податоците за последниот квартал од 2008 година, кои би требало да се објават во март в година, можат да бидат поразителни за македонската економија. Државниот завод за статистика објави дека врз порастот на БДП од 5,5 отсто, најмногу влијаел растот од 10,6 отсто во три сектори, во преработувачката индустрија, вадењето руди и камен и во снабдувањето со електрична енергија. Инаку, во првото тримесечје Македонија забележа раст на БДП од 5,3 отсто, а во второто од 6,2 отсто, во споредба со истите периоди лани.

Но, многу полоши резултати се очекуваат за идната година. „Според нашите проекции, БДП во наредната година нема да биде повисок од 3 отсто, односно ќе се движи меѓу 2,5 и 3 проценти“, вели Марјан Николов од Центарот за економски анализи. Тој посочува дека растот на БДП во наредната година ќе биде неизвесен, затоа што во голема мера ќе зависи од текот на кризата и движењата на светската економија, која со себе носи големи ризици.

Вицепремиерот Зоран Ставрески вчера изјави дека македонската економија ќе претрпи сериозни последици од кризата, а Владата ги разгледува сите понудени мерки. „Ќе бараме нови решенија доколку овие што ги понудивме не се доволни да се ублажат последиците“, изјави Ставрески.

Премиерот Никола Груевски завчера изјави дека иако за идната година Македонија проектирала раст од 5,5 отсто, таа прогноза најверојатно нема да се успее да се оствари, поради кризата која го зафати и реалниот сектор. Тој нагласи дека на македонските граѓани треба да им се каже вистината околу кризата, иако само неколку дена претходно премиерот тврдеше дека в година ќе се оствари раст од 5,5 проценти. И премиерот не ја исклучува можноста Владата да пр��дложи нови мерки за кризата.

Во третото тримесечје од годинава бројот на вработените во земјава се зголемил за 3,6 отсто во споредба со истиот период лани, а невработени имало за 1,9 проценти помалку.


Статијата е прочитана 214 пати.

Испрати коментар

Од: МК
Датум: 27.12.2008 01:42:30
Во време кога ни супер силата Соединетите Американски Држави не можат да се справат со светската финансиска криэа не би требало очекувањата во Македонија да се кренат вон реалноста бидејќи самиот концепт што се наметнува врэ капиталистичката економска глобалиэација беше предвиден од Карл Маркс - Преголемата експанэија на банкарските кредити може да придонесе капиталистичкиот систем привремено да распродава стока повеќе него иэносот на реалната добивка креирана во актуелната продукција, плус минатите эаштеди кои што можеја да набават. Но во голема мера сите эадолжувања мораат да бидат исплатени. Бидејќи овие эадолжувања не можат автоматски да се исплатат преку проширено проиэводство и приход, капиталиэмот е предодреден на крах - колапс. Дел од колумната на Карл Маркс во магаэинот Das Kapital иэдаден во далечната 1857 година. Во неговото манифесто објавено во 1848, эапишува листа на 10 неопходни чекори до комуниэам - Бр.5 беше Централиэацијата на монетарниот кредит во рацете на државата.
Од: St.Patrik
Датум: 27.12.2008 02:51:15
Kakvi posledici, neli ke ne odminese krizata? A taman si rekov deka ke mi porasne platata za nekoe evro, koga toa ke imalo posledici..DOBRO UTRO !!!
Од: зоран87
Датум: 27.12.2008 03:26:48
Фасцинантно!!! Кога најголемите економии во светот запаѓаат во рецесија, ние имаме раст од 5,5 %. Дефинитивно економската политика на владата заслужува нобелова награда за економија во светски рамки
Од: Ико
Датум: 27.12.2008 10:00:13
Индустриското производство на Јапонија, втората светска економија, забележаlo пад за дури 8% во ноември, а се очекува истиот пад од 8% и за месец декември. Ако не ви се верува, еве погледнете што пишува во Ројтерс: http://uk.reuters.com/article/companyNewsMolt/idUKTRE4BP05420081226
Од: Gorde - Kavadarci
Датум: 27.12.2008 11:42:45
Eve im potvrda za rabotata na vladata na sds-ovcite, samo da se najde barem eden pismen megju niv da moze da im procita.
Од: do зоран87
Датум: 27.12.2008 11:45:30
Abe , trgni gi tie rozovi naocari , vece ednas!!! Ili trgnete se site komplet so Vlada , samo ostavete gi opljackanite pari
Од: Do Gorde od Kaadarci
Датум: 27.12.2008 22:39:08
Samo covek so kokoskin mozok moze da veruva na lagite na ovaa katastrofalna vlada sostavena od deca i diletanti. Se odi nadolu, ako veruvas na reklamite na vladata togas si imas seriozen problem kako covek, a oni se nadevaat na takvi isprani mozoci kako tebe da ja doopljackaat ovaa zemja.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Банкарите воздржани, Владата контра мерките на НБМ
МАТ ќе се приземји ако не ги плати долговите
Кредитното биро ќе не' штити од презадолженост
„Вијагра“ слави десет години
Банката не ја плаќа казната, ќе оди на суд
„Сувенир“ остана без инвеститор
Берзата не работи на 31 декември