Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Пак народ против народ во Карпош

Бојан Шашевски

Во Општина Карпош вчера продолжија препукувањата меѓу советниците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и локални жители. Откако во вторникот владејачката партија обвини дека поддржувачи на опозискиот табор демонстрирале насилство врз својот народ, алудирајќи на групата граѓани од Карпош што го спречила одржувањето на прес-конференција на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, денеска река од луѓе повторно се собраа пред општинското здание. Галиматијас од љубопитни минувачи, партиски поддржувачи, локални сеирџии, протестанти, падобранци, советници. Народ против народ, сопствени убедувања наспроти партиски интереси, сите за демократија, а демократијата, пак, константно против сите.

Советничката група од ВМРО-ДПМНЕ го искажаа своето незадоволство со мегафони, свирчиња и пароли. Жозефина Гласновиќ, советничка од владејачкиот табор, споменувајќи ја касарната „Илинден“, рече дека воопшто нема демократија во Советот на Општината, нефункционалност и монополизација на раководството, со постојани опструкции од членовите СДСМ, нагласувајќи дека ќе достават писмо до сите релевантни меѓународни институции и амбасади за да се дознае вистината за случувањата во општината.

Дел од присутните граѓани, при обраќањето на советниците и градоначалникот, освен позитивни довикувања, но и погрдни зборови, рекоа дека денес се собрани да го поддржат Стевче Јакимовски.

„Карпош стана мултиетничка општина на која се гордее обичниот граѓанин со градоначалник, кој претставува пример“, изјави Лидија Јеремиќ.

Член на Месната заедница „Нерези“ кажа дека обвинувањата за раководството се неосновани, а моменталниот градоначалник создал една поинаква, поубава слика за општината, одржувајќи постојана соработка меѓу месните заедници и органот Карпош.

Градоначалникот Стевче Јакимовски рече дека Груевски и ВМРО ги имаат под контрола сите државни институции, дури и судството, па, сега сакаат да ја земат демократијата и од улиците на Карпош.

„Господине Груевски, тргнете ги вашите валкани раце од Карпош. Не малтретирајте ги овие стотина ваши членови што сте ги собрале од цело Скопје. За нив имам целосно разбирање затоа што денеска не е лесно да си ВМРО-вец. Една недела треба да бидеш стечаец, друга млекар, трета недела да си тутунар,четврта да штрајкуваш пред Општина Карпош“, изјави Јакимовски.


#
Статијата е прочитана 631 пати.

Испрати коментар

Од: stavre
Датум: 27.01.2011 14:00:43
Tipicno VMRO-vski postapki..........procitani se ko bukvarce.............

Најди! во Утрински
Политика
Протест со протест се побива
Стоматолозите се побунија поради скратените плати
Ноќна смена на „Илинденска“
Професори и студенти ќе се „соочат“ пред споменикот
Нови 280 вработувања во здравството
Новинарите не смеат да ги откривааат изворите!