Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Ноќна смена на „Илинденска“

Лекари велат дека министрите се државни службеници,
така што и тие би требало да работат 8 часа дневно

Жаклина Ѓорѓевиќ

Цели петнаесет часа траеше завчерашната владина седница, која почнала околу 13 часот, а завршила во 5 часот наутро. На седницата, како што не' известија од Владата, присуствувале сите министри, со исклучок на шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, чие отсуство било оправдано со неговиот престој во Чешка. Но, немало оправдување за другите министри. Некои од нив, како што неофицијално дознаваме, иако не се чувствувале добро, морале да присуствуваат на седницата, која завршила во раните утрински часови. „Ваквото темпо на работа не е ништо невообичаено за оваа Влада“, ни изјави владиниот портпарол, Мартин Мартиноски.

Маратонските владини седници им станаа навика на министрите. Од Владата го објаснуваат турбо работењето со тоа дека морал да се помине обемниот дневен ред. Сепак, министрите не кажуваат дали колабираат или дали се чувствуваат преморени по километарските расправи во Владата и дали можат да ги извршуваат редовни��е работни обврски наредниот ден. Напротив, тие тврдат дека пренатрупаниот распоред со обврски не им претставувал никаков проблем.

На оваа тема контактиравме и со експерти од медицина на трудот, кои ги прашавме: „Колку може да биде продуктивен еден човечки организам ако континуирано работи повеќе од осум часа“? Доктор Тихомир Матевски од Институтот за медицина на трудот објаснува дека законски работното време изнесува осум часа. „Министрите се државни службеници, а бидејќи во законот е регулирано да се работи осум часа, и тие би требало да работат толку“, ни изјави докторот. Исклучок, според него, има само кога е во прашање работа во рудник, окно или онаму каде има преголема оптовареност, така што за вработените е предвидено скратено работно време. А кога го прашавме колку може некој да биде продуктивен ако работи повеќе од осум часа тој ни одговори: „Проценете сами колку вие можете да издржите?“

Владиниот портпарол, Мартиноски, ни појасни дека ова не е прв пат министрите да заглавуваат на владините седници до рано наутро. Тој ни потврди дека ова се случувало почесто на последните седници, кога се останувало до 3 или 4 часот наутро, а една од седниците пред Нова година исто така траела до 5 часот. Министрите за време на седниците, како што ни објаснија, имаат право на едночасовна пауза за ручек, но, како што самите велат, не им е забрането и да одат до тоалет или да излезат накратко. Вработените во владините служби коментираат дека најбуден од сите министри на владините седници, без разлика колку траат, е министерот за правда, Михајло Маневски, кој со внимание ги следи сите точки на седниците.

Завчерашната седница била од отворен и од затворен тип. Отворената владина седница траела до три часот наутро, а затворената продолжила до 5 и на неа се разгледувале „класифицирани информации“. На отворената седница имало повеќе точки на дневен ред, од кои најмногу за здравство. Била донесена одлука за вработување на 280 доктори, сестри и техничари во јавните здравствени установи. Неофицијално, дознаваме дека на едниот од министрите не му било добро, но тој не ја напуштил седницата, туку побарал да му донесат „фервекс“. „Министрите или нивните заменици остануваат подолго на владина седница во случај да има повеќе информации или предлог-измени“, појаснува Мартиноски. Тој вели дека министрите можат да се заменат со нивните заменици во случај да имаат претходно закажани средби или активности. Понекогаш, додава портпаролот, се канат и експерти, односно гости зависно од проблематиката. (Ж.Ѓ.)


#
Статијата е прочитана 4666 пати.

Испрати коментар

Од: Darko
Датум: 27.01.2011 12:14:18
Kutri VMRO-vci...Ke im presednat ministerskite fotelji :))))))))))). Ova se prikazni za mali deca. Demek mnogu se rabotelo. Kako ne...Za politicarot ne e vazno kolku raboti tuku sto srabotuva. Na pameten covek 8 saati dnevna rabota mu se dovolni za da pokaze sto znae. Se sto e poveke od toa e mackanje oci
Од: jimmy1
Датум: 27.01.2011 12:18:29
Uf uf se prerabotija, dobija KILA. A kolku sata prespaja na foteljite ne kazuvate. Drzavnite fotelji mu se poudobni za spienje nego nivnite kreveti.
Од: gragjanin
Датум: 27.01.2011 12:26:46
ova e zhiv dokaz deka seushte ne se znae dobro da se pripremi vladina sednica. Ako ne znaat da pripremat efikasna sednica kako vladeat so drzhavata? Haotichno, kako i shto segleda sekoj den
Од: забеган.
Датум: 27.01.2011 12:34:02
Нели е попаметно ич да не работат.Барем помалку ГЛУПИ закони ќе предлагат.
Од: Трпе
Датум: 27.01.2011 12:39:42
И 25 часа од можни 24 да работат дневно се е џабе.Кога резултати нема.Тие се однесуват како кравата која дава многу млеко ,ама клоца и со ногата го истура млекото.Дали ова се случува од незнаење,од неспособност,нервоза или нешто друго.
Од: Скопје
Датум: 27.01.2011 13:00:13
Немојте луѓе,па зар вака се работи.Седници од по 15 часа,со вистински дневни редови за конкретни прашања,а не прекрасните седници од времето на СДС кога не знаеја како да го пополнат дневниот ред од многу работа.Ништо нема да работиш и сите раат во 16,30 дома.
Од: premorenost
Датум: 27.01.2011 13:06:43
Od premorenost ja "premorija do umiracka" i drzavata. Manevski e "macho"
Од: nikola
Датум: 27.01.2011 13:10:51
Do Darko abre kutro momce sto razbiras ti arno ti kaza ovoj od Skopje sigurno si nekoj tip sto nema lazicka podignato vo zivotot a ke kazuva koj bul kutar sto rabotel i kako rabotel, zal mi e za takvite zalopojci kako tebe :)
Од: ankicka
Датум: 27.01.2011 13:45:54
lazat narod bozem rabotat cela noc ova nee prvpat samo da zemat dnevnici...gledajte site kako grofovi sekoj so kompjuter a na narod mu secat sini kartoni,participacija za dom na deca so posebni potrebi,samo izmisluvat davacki kako nikade vo svet n.p. da si go otkupis dvorot abe ima li covek vo taa vlada ili se roboti bez cuvstvo bez dusa...........
Од: koki
Датум: 27.01.2011 13:56:27
Ne znam kolku rabotaat..... ama sto povekje rabotaat mene mi e se potesko????? Neka batalat rabota, belki ke mi stane podobro...........
Од: До„ nikola„
Датум: 27.01.2011 14:06:08
Види прво кој си ти.
Од: d.t.a Kavadarci
Датум: 27.01.2011 14:11:37
EE narode nas ako si odat porano od sednicata zosto si zaminale i ic ne im gajle za rasparavite i problemite sto gi resavaat, ako ostanat poveke pak ne cinat i bile nesposobni. Pa kako da bide ajde kazete? Ili lesno e vaka sedi si doma i strakaj si na kompjuterot za ovoj vaka za onoj taka. Ova se lugje odgovorni i spremni za rabota zatoa sto nesto sto e veke pocnato treba da se dovrsi bez razlika na se. Ako veke ste go doziveale toa bilo kako student ili kako rabotnik ke znaete kako e da se bide odgovoren.
Од: TRAJANKA
Датум: 27.01.2011 14:52:24
Mihailo Manevski i ne iznenaduva sto so vnimanie ja sledi sekoja tocka od sednicata , so toa ja pokazuva svojata profesionalnost vo koja ima steknato neprocenlivo iskustvo , site mozat voda da mu nosat, novo komponovanite Minestercinja ...
Од: baban
Датум: 27.01.2011 19:48:07
Rabotite se turbo vo prazno. Samo se presdnuva izgleda...
Од: crnorizec
Датум: 27.01.2011 23:55:43
GLUPOST. Ili se nekompetentni ili neznaat da se organiziraat. ama vo sekoj slucaj nesporno ne se za toa sto go rabotat.
Од: devicanecot
Датум: 28.01.2011 01:40:21
Присуствувале сите министри, освен Милошоски, кој службено бил во Чешка. Ама другите немале оправдување? А зошто да се правдаат: дека биле присутни? Каква кнтрадикторност уште на почетокот на текстот.
Од: sebastian
Датум: 28.01.2011 02:20:16
за ваквите одговорни функции не постои работно време... секој што некогаш бил макар и директор на обична фирма ќе ви каже дека не постои такво нешто како работно време од 8 часа, а камоли кога се води држава ... сега ако сакаме да бидеме тенденциозни ќе им најдеме 300 маани, се разбира... ама тоа е наша национална карактеристика - не ни чинат кога не работат, ниту пак ни чинат кога работат...
Од: Ред
Датум: 28.01.2011 02:42:51
1. Пример: Министерот за здравство, кој го почитувам како личност, работи го доцна, за викенди, па и празници, а состојбата во здравството сите ја знаете каква е. Во јуни минатата година на Очна клиника и на Реуматологија цел месец по 13 часот немаше ни лекари не сестри (жално беше како родител за свое детенце итно бараше очен лекар па го шуткаа од амбуланта до клиника и назад, страшно), а министерот и други од министерството работеа до доцна. Па на болните не им треба тој да работи 24 часа, туку да среди лекарите да работат подолго. Заклучок: битно е какви се ефектите од нивната работа, а не времето поминато на работа. А ефектите? Леле мајкооо! 2. А сите кои имаат семејство би требало да имаат поуреден живот, не нивните деца да ги чуваат други. Децата не се раѓаат за само еден родител да ги чува, а уште помалку за баби и дедовци да ги чуваат. Со вака поставени работи, не е ни чудно во каква состојба сме.
Од: Baro Nishi
Датум: 28.01.2011 09:34:11
И пази сега, консултирале експерт за да каже дека со 8 часа работа се се постигнувало, као демек овие што работат по 15 часа не ги бива т.е. не се доволно интелигентни да ја завршат работата во предвидениот рок па остануваат двојно подолго. Остануваат толку колку што остануваат поради натрупаните проблеми кои им се оставени во наследство од тие што работеа по 8 часи дневно (бар декларативно по 8 работеа, во реалност ништо не сработеа). Вистината секогаш излегува на виделина, а времето ќе пресуди кој колку вреди, што и колку работел. Абре утрински, го изгубивте компасот, доста го манипулирате народот!!!
Од: Petko
Датум: 28.01.2011 09:59:52
Do ,d. t. a . Kavadarci - ti prijatele , prvo go sramis gradot od kade se predstavuvas adrugo ti samo si staven da komentiras i drugo ne znaes da rabotis i zivees na grbot i na teret na napatenite lozari. A, za vladata sto pomalku ce raboti toa e podobro za nas obicnite gragjani bidejci nema da ne zaglavuva vo kalta.

Најди! во Утрински
Политика
Протест со протест се побива
Стоматолозите се побунија поради скратените плати
Пак народ против народ во Карпош
Професори и студенти ќе се „соочат“ пред споменикот
Нови 280 вработувања во здравството
Новинарите не смеат да ги откривааат изворите!