Продажба на новогодишни честитки
Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и годинава, по четврти пат, ќе врши продажба на новогодишни честитки. Остварениот приход од продажбата ќе биде наменат за функционирање на бесплатниот СОС-телефон за деца и младинци 0800 122 22, потоа за борба против педофилија и секаков вид насилство врз децата, за Дневниот центар за деца од улица, а дел од средствата ќе бидат наменети и за понатамошно функционирање на бесплатната правна служба.
Новогодишните честитки се со седум мотиви нацртани од децата-членови на детските работилници, а тие се оригинални, единствени и производ на детската фантазија. Тие се со димензии 20 х 9,5 сантиметри и сите чинат по 30 денари, освен една која ќе се продава за 40 денари. Оваа честитка е со златна боја и на нејзината внатрешност може да се испише или отпечати сопствена порака. Честитките може да се нарачаат на и-мејл адресата на амбасадата [email protected] или на телефонскиот број 2 465-316. (Сн.К.) |