Број 2855  петок, 05 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Нема решение за куќата на „Водњанска“

Сопственикот на куќата не прифаќа паричен надомест и бара компензација земја за земја

Сања Наумовска

Улицата „Водњанска“, и по повеќе од една деценија од нејзината изградба, останува стеснета за една сообраќајна лента во долниот дел. Имено, проблемот со куќата чиј агол излегува на улица и е заграден со бетонска ограда, се' уште не е решен, а од поодамна за тоа се води и судски спор.

Сопственикот на објектот, Крсто Тодоровски, се' уште не е обесштетен за дел од дворната површина на која е изградена „Водњанска“. Според него, треба да му се платат 90 квадратни метри, иако во Градот Скопје велат дека се помалку од 15. Тој бара да му се додели државно земјиште во нејзина близина. Не се согласува со паричен надомест, ниту пак со компензација на земјиште на друга локација. Тој пред неколку години решил правдата да ја бара на суд, па за истото ги тужи Градот Скопје и државата.

„Немам намера да барам надомест по пазарна цена на објектот, туку само едноставно компензирање - земја за земја. Знам дека во околината на мојот плац има државно земјиште и дека ако сака Градот, во интерес на решавање на проблемот со улицата по која поминуваат и болнички, владини и дипломатски возила, може да побара земја од државата“, вели Тодоровски.

Во Градот, пак, велат дека оваа спогодба е невозможна и поради тоа што Градот не може да додели земја што не ја поседува. Во ингеренции на градските власти е да предложат паричен надомест за кој може да се преговара. Истото на сопственикот на куќата му било понудено од градоначалникот Трифун Костовски, а и од неговиот претходник кој ја изгради улицата, Ристо Пенов.

„Ако постоеше каков било начин за решавање на овој децениски спор, Градот ќе го реализираше досега. Сепак, сопственикот е исклучив во барањата дека сака само земја, иако му беше понудена огромна сума пари за куќата. Тоа барање за нас е невозможно и единствено се надеваме на брзо завршување на судскиот спор кој, ако биде во наша корист, би требало да ја омекне неговата позиција“, коментираат во Градот.


Статијата е прочи��ана 659 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 05.12.2008 01:47:48
da ke bide vo vasa korist aramii gradski..covekov si e vo pravo-cesno..ne vi gi saka ,,ogromnata suma na pari,, sto dovolno pokazuva deka e cesen.saka samo blisku do taa lokacija druga soodvetna.i ne se pravete nedokvakani deka ne moze da ja najdete ..ja ima toa go znaete i vie i oni a ako treba da se resi nekoj problem neka se vkluci i drzavata ..zarem problemot e samo na skopje? tuka e bolnicata koja ja koristat posiroko a ne samo skopjani,tuka e diplamatskiot pat po koj se vozat..zatoa namesto da gledate da mu napakostite vie dosljaci od ,,majcinu,, vo skopje na star skopjanec-dajte ona sto cesno go bara.sto milite deka sekoj star skopjanec ke mu dade zemja na sekaoja budala koja ke se obiduva da go iseli..zatoa podrska do covekov da istrae
Од: stole
Датум: 05.12.2008 02:01:05
gradot-Kostovski i opstina centar-Alarova, sto se ne napravija cel haos i sega ne mozele da se dogovorat so sopstvenikot, ne sakaat znaat nema provizija-nema rabota toa e problemot,a ne nemozele da davaat drzavno zemjiste a za drugi i toa kako moze ama ima provizija licen interes toa barem e javna tajna.kako ne vie sram vaka da se pravdate, sramota.
Од: alal da ti e
Датум: 05.12.2008 04:22:40
Da ti se pozlati srceto se gleda deka si cesen covek, ako za drugite se deli zemja i toa najubavata po podnozjeto na VODNO, zosto da ne.Da si baras sto msilis deka najmnogu tebe ti odgovara.Ti se divam na istrajnosta.Ako si imas tapija deka i zemjata pred kucata e tvoja da si baras da ja pomestat ulicata ako ne go prifatat tvojot predlog. Covek ipol si.Da te drzi zdravjeto bidejki toa se volci golemi volci, da ne te namestat nekoj tocak da te turne pa da otides na smetka na gospoda.......
Од: xxl
Датум: 05.12.2008 09:39:44
Drzise majstore i samo hrabro.Imas rabota so obicni ligusi koj ja zloupotrebuvaat vlasta i zaboravaat deka se menlivi.Toa e urbanata mafija i nivnite nadvoresni naredbodavci.Gi znaeme po ime i prezime .Spiskovite se napraveni BEGANJE NEMA.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Парното во Скопје-Север поевтини за 15,88 отсто
Ќе се чистат кејот на Вардар и Градски парк
Девет милиони денари субвенции за „Паркови“
Ѓубрарината останува со стара цена
Продажба на новогодишни честитки