Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Култура

Наградата „Григор Прличев“ за поемата „Адам од Говрлево“

Комисијата во состав Паскал Гилевски, Блаже Миневски и Нина Анастасова Шкињариќ одлучија наградата „Григор Прличев“ одлучија годинава да и ја доделат на поемата „Адам од Говрлево“, која на конкурсот за најдобра необјавена поема што го распишуваат „Детска радост“ и Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид пристигна под шифрата „АСКОС“.

Како што истакнаа членовите на комисијата од вкупно пристигнатите 25 поеми во најтесен избор биле уште и поемата „Илуминација. Самување“, пристигната под шифрата „ПОЕТ“ и „Потомците на Чрт“, под шифра „Чрт“.

На вчерашната средба со новинарите претседателот жирито, Паскал Гилевски потенцираше дека поемата „Адам од Говрлево“, која има 960 стихови, се издвоила со својот квалитет и со „прличевскиот дух“ од 25-те ракописи кои пристигнале. „Во овој поетски ракопис поетот ги ситуира на временска оска библискиот Адам од Книгата на постанокот и актуелниот Адам од Говрлево или Адам од Македонија, неодамна пронајдена машка фигура, машко торзо во седечка положба на археолошкиот локалитет Говрлево, Скопско“, рече Гилевски и потсети дека фигурата датира од 4 и од 3 милениум пред нашата ера и била презентирана пред публиката во 2006 година.

Во поемата „Адам од Говрлево“, како што рече, поетот го воспева ова милениумско откритие, потенцирајќи ја притоа ненаметливо древноста и светоста на својата земја. „Седумте пеења од поемата кои се кодирани во старозаветниот библиски код, како да имаат за цел да го прогласат Говрлево за центар и стожер на светот, во поетска смисла.“

Наградата се состои од паричен дел во износ од 1.500 евра, а организаторот има и обврска да ја отпечати наградена поема. Свеченото врачување на наградата ќе се случи на 6 февруари во Охрид, родниот град на Прличев. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 438 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Секој понеделник нов наслов!
Битолскиот театар на „Денови на комедијата“
Беше дрскост да се одигра „Хамлет“ во Колчестер
Роулинг размислува да напише нови продолженија на „Хари Потер“
Дали Нобеловата награда за литература ќе ја добие поет?
Конференција на „Сифер“
Независна театарска сцена во Универзална сала
Перформанс во Музеј на Град Скопје
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census