Роулинг размислува да напише нови продолженија на „Хари Потер“
Британска писателка Ј.К. Роулинг, која светската слава ја стекна со серијата книги за Хари Потер, минатата недела изјави дела би можела да го оживее магионичарот во неколку нови продолженија.
„Би можела да напишам и осмо, деветто или десетто продолжение и сигурна сум во тоа“, изјави Роулинг во шоуто на Опра Винфри. „Никогаш не вели никогаш“, заклучи писателката, која од досега објавените седум продолженија, од кои последното е објавено во 2007 година , продаде огромни 400 милиони примероци во повеќе од 200 држави, филмовите снимени според нејзините романи заработија околу 5,4 милијарди долари, а самата авторка заработи 573 милиони евра.
Кај нас петте продолженија од сагата за „Хари Потер“ ги објави книгоиздателството „Култура“ од Скопје, а шестото продолжение под наслов „Хари Потер и полукрвниот принц“ на македонски јазик, ја објави „Младинска книга“. Промоцијата на шестото издание се случуваше во книжарницата на клубот „Матица“ во присуство на љубители на делата за малиот волшебник. Беше создадена вистинска волшебничка атмосфера. ��ктерите беа облечени како волшебниците од училиштето за волшебници во Хогвортс, а не заостануваа ниту посетителите, кои со своите маски и придружни реквизити ја збогатија атмосферата. Особено внимание предизвикаа децата маскирани токму во ликовите од романот на Роулинг, но и актерите кои маскирани во волшебници одиграа кратка претстава на платото пред книжарницата на „Матица“.
Токму овој роман, „Хари Потер и полукрвниот принц“ прв пат беше објавен на англиски јазик на 16 јули во 2005 година и во првите 24 часа беше продаден во 11 милиони примероци во цел свет. Кај нас бројката на продадени примероци се движи околу 200 примероци. (Н.П.) |