Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Хроника
Велешанец принудувал девојче на брак

Велешката полиција поднесе кривична пријава против 32-годишниот Р.С. од Велес поради вонбрачен живот со малолетно лице. Според СВР - Велес, Р.С. го запознал 15-годишното девојче пред пет недели кога таа била физички нападната од друго лице. Тој ја убедил дека сака да и' помогне, по што и' понудил да отиде кај него дома да се одмори. Кога девојчето сакало да си оди, тој почнал да и' изјавува љубов, барајќи од неа да остане и да му биде жена. Откако малолетничката не се согласила, ја принудил на сексуален чин.

Два дена подоцна, девојчето успеало да го наговори Р.С. да ја пушти дома, бидејќи ја барале родителите. Велешанецот ја пуштил, но и' наредил да им каже на родителите дека ќе се омажи за него. Две недели подоцна, девојчето се сретнало со 32-годишниот маж за да му каже дека не сака да имаат никаков контакт. Но, како што велат од велешката полицијата, Р.С. ја разубедил тинејџерката да одат кај него, каде што повторно ја присилил на сексуален чин.

Од полицијата велат дека Р.С. веќе бил пријавуван за нарушување на јавниот ред и мир и за трговија со дрога, за што му биле изрекувани и затворски казни. (Г.А.)




#
Статијата е прочитана 1230 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Хроника
Арамии со фантомки ограбија обложувалница
Кобно фотографирање на две деца крај Пена
Неизвесна екстрадиција на обвинет од Белград
Македонец ограбувал златарници
Неготинец загина во сообраќајка
Заменик-министерот за одбрана повреден во сообраќајка






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency