Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Хроника

Кобно фотографирање на две деца крај Пена

Децата се сликале на една карпа, при што се лизнале и паднале во бездна. Згрижени се на скопските клиники

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Неделната прошетка на две момчиња покрај реката Пена заврши трагично. Двете другарчиња на возраст од петнаесет години додека се фотографирале на карпа висока десетина метри, во еден момент се слизнале и паднале долу. Падот бил стравотен. Едното дете паднало врз другото, по што и двете се струполиле во бездната. Ги спасил случен минувач, кој викнал Брза помош и децата веднаш биле пренесени во болница. Поради сериозноста на повредите, сега се згрижени на Клиничкиот центар во Скопје. Лекарите информираат дека ги преземаат сите мерки за што поскоро оперирање на децата и стаблизиирање на нивната здравствена состојба.

Несреќата се случила во неделата околу 15 часот кога двете другарчиња на возраст од 15 години А.А. (15) од Мала Речица и М.А (15) од Камењане, Тетовско, отишле да се прошетаат во месноста Бањиче по долината на реката Пена. За да го овековечат другарството, се искачиле на една карпа, каде што сакале заедно да се фотографираат. Но, во се' уште неразјаснети околности, во еден момент се лизнале и паднале еден врз друг од десет метри височина.

„Најверојатно, поради лошите временски услов��, дождот и калта, момчињата во еден момент се слизнале и паднале во бездната. Според досегашните сознанија, едното дете паднало врз другото, што најверојатно му го ублажило падот и поминало со полесни повреди“, вели портпаролот на СВР - Тетово, Марјан Јосифоски.

Полициски инспектори од Тетово вчера разговарале со едно од децата, чија здравствена состојба им го овозможила тоа. Детето им ја раскажало случката, почнувајќи од неделната прошетка, па до искачувањето на карпата каде што сакале да се сликаат. Тоа им кажало на инспекторите дека биле спасени благодарение на некоја жена, која во тој момент се нашла во близина. Едно од децата што било свесно веднаш почнало да вика и побарало помош.

Тетовката Л.К.(43) кога ги забележала момчињата, веднаш повикала Брза помош. По укажана помош во тетовската болница, поради сериозноста на повредите двете деца се пренесени на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

„Едното дете се наоѓа на лекување на интензивна нега. Итно беше извршена операција, при што е санирана повредата. Детето имаше повреда на слезинката, се' уште е приклучено на апарати, но очекуваме неговата здравствена состојба да се стабилизира“, информираат надлежните од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).

Второто дете е сместено на Трауматологија, од каде што информираат дека денеска е планирано да му биде извршена операција.

„Детето што е хоспитализирано кај нас има повреди на ’рбетот и на раката и веќе денеска ќе му биде извршена операција“, велат од Трауматологија.


#
Статијата е прочитана 2137 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Арамии со фантомки ограбија обложувалница
Велешанец принудувал девојче на брак
Неизвесна екстрадиција на обвинет од Белград
Македонец ограбувал златарници
Неготинец загина во сообраќајка
Заменик-министерот за одбрана повреден во сообраќајка






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency