Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Хроника

Неизвесна екстрадиција на обвинет од Белград

Од српското Министерство за правда се' уште нема никакво известување дали десеттообвинетиот во случајот „Мавровски работници, Сафет Огриќ, би можел да биде екстрадиран во земјава. Со ваква констатација вчера излезе претседателот на Судскиот совет, кој постапува во овој предмет, судијата Горан Бошевски, кој додаде дека интересите на обвинетиот Огриќ во иднина ќе ги застапува адвокатот Џемаил Арифи.

Судијата Бошевски им даде рок од осум дена на повеќемина обвинети што беа застапувани од адвокатот Таип Елези да го известат судот кој адвокат ќе ги брани во натамошниот тек од судењето. Доколку тие не го информираат судот кого го ангажирале, тогаш за нив ќе биде одреден бранител по службена должност. Таип Елези од пред извесно време е именува за судија на Основниот суд во Гостивар, па тој повеќе не ќе може да ги застапува оние обвинети, меѓу кои и пратеникот Хисен Џемеили, кои досега ги користеа неговите услуги.

Поради овие причини, судењето за првиот хашки предмет доживеа уште едно одложување, а следното судско рочиште е закажано за крајот на ноември. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 747 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Хроника
Арамии со фантомки ограбија обложувалница
Кобно фотографирање на две деца крај Пена
Велешанец принудувал девојче на брак
Македонец ограбувал златарници
Неготинец загина во сообраќајка
Заменик-министерот за одбрана повреден во сообраќајка






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency