Четириесет и едногодишниот Сашко Ристов од Неготино го загуби животот во сообраќајна незгода што се случи во неделата, околу 19,25 часот, на регионалниот пат Градско - Неготино. Според МВР, Ристов, управувајќи го својот „голф“ со бугарски таблички, изгубил контрола врз возилото додека минувал по мост на Црна Река, при што преминал на спротивната страна од коловозот и удрил во железната ограда на мостот. Несреќниот неготинец починал на самото место. Неговото тело е предадено за обдукција, а полицијата ги истражува причините за несреќата. (Г.А.)