Број 3392  понеделник, 27 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Зошто заостануваме со економскиот раст

Жестоки критики до власта за лошите резултати во економијата вчера испорача опозицијата. Социјалдемократите нагласуваат дека Македонија сега е во многу полоша состојба на економски план од голем број европски држави, а за е тоа виновна Владата, која нема концепт како да ја извлече државата од длабоката криза.

„Податоците на Еуростат се неумоливи. Со падот од 1,1 отсто во првите три месеци од 2010 година, македонската економија е полоша од најмалку 22 европски земји. Со растот, пак, од 0,4 проценти во второто тримесечје, таа е повторно полоша од најмалку 20 европски земји. Еве, на пример, Србија има четири пати поголем раст од нашиот“, рече на вчерашниот прес Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.

Според опозиционерите, крајно е неизвесно како натаму ќе се движи македонската економија. „Бизнисмените се многу повоздржани од Владата за тоа што не' чека, што е јасен показател за изгубената доверба во неа. За вториот квартал е фрапантен падот на градежништвото, а слушавме дека преку него Владата ја помагала економијата. Изненадува и отсуството на раст кај земјоделството“, вели Јовановски.

СДСМ не гледа што во второто полугодие би ја покренало нашата економија, за таа годинава да оствари раст од два отсто како што планира Владата. Според Јовановски, власта знае дека за да се постигне таа стапка, во втората половина од годинава растот треба да биде 4,4 отсто. „Владата не може да објасни од што би бил креиран таков раст, што значи дека нејзиното очекување е нереално. Според расположливите податоци, растот годинава би требало да се движи од 0,8 до 1,2 проценти, што е многу слабо“, нагласи потпретседателот на СДСМ.

Според СДСМ, клучно е дали Владата воопшто има некаква идеја како да излеземе побрзо од кризата, но таа има погрешен економски концепт.

Премиерот вчера изјави дека сме избегнале нова рецесија и дека тој очекува подобар резултат на БДП во третиот квартал. „За разлика од првиот квартал, во вториот има позитивен тренд и раст од 0,4 отсто на БДП. Тоа покажува дека не се очекува државата да влезе во нова рецесија, а сите други параметри во првите шест месеци покажуваат придвижување“, изјави премиерот Никола Груевски. Третиот квартал, согласно со увозот, извозот, падот на каматните стапки, индустриското производство и серија други фактори, најверојатно, ќе бил и уште подобар од вториот.

„Очекувањата се дека третиот квартал ќе биде и подобар од вториот, што покажува позитивен тренд. Во ситуација кога имаме тешко опкружување и кога во вториот квартал имаме раст од 0,4 посто, а во Хрватска, Бугарија, Грција се бележи пад и до 3,5 посто, ова е позитивен сигнал, за кој се надевам дека ќе добива се' посилни размери“, изјави Груевски.

Веднаш реагираше ВМРО-ДПМНЕ. „Откако пред неколку недели предвидуваа пад на економијата за вториот квартал од годинава, СДСМ сега увидоа дека економијата оствари позитивен раст и веднаш се префрлија на темата зошто бил растот во Македонија помал од некои други земји. За разлика од другите земји, македонската економија во 2009 година оствари минимален пад од 0,7 отсто“, велат од владејачката партија.

Според нив, „потпросечен економист како Зоран Јовановски би требало да знае дека основицата со која споредува, а тоа е 2009 година, во Македонија е многу повисока од соодветните основици во другите земји, кои во 2009 остварија падови од 6 до 18 отсто“. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 687 пати.

Испрати коментар

Од: jas
Датум: 27.09.2010 14:02:26
za zalenje e sto nemame saglam opozicija
Од: d
Датум: 27.09.2010 15:48:33
Za zalenje e toa sto Vladata nema odgovor na argumentite od opozicijata. Epten e za zalenje vlasta.

Најди! во Утрински
Економија
Нема ни абер од ЕУ, ама за еврото се подготвуваме
Со „Хаиер“ допрва ќе се преговара за фабриката
Цела Европа на заеднички штрајк
Српската плата 319 евра
Братучед на Путин менаџер во банка
Од „Голдман Сакс“ се бара 835 млн. долари






Bulgarians proud to see one of their own as president of Brazil
Sports and aid part of first regatta around Africa
Elections in Bosnia promise little change