Број 3392  понеделник, 27 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Од „Голдман Сакс“ се бара 835 млн. долари

Осло - Централната банка на Норвешка пред суд во Њујорк поднесе тужба против американската банка „Голдман Сакс“, со барање за исплата на отштета во износ од 835 милиони долари.

Во образложението на тужбата, норвешката Централна банка тврди дека „Голдман Сакс“ не и' доставила „целосни информации за финансиските ризици, пред се', за вредноста на акциите и за хипотеките“, пред во неа да инвестира средства од Државниот нафтен фонд на Норвешка.

„Голдман Сакс“ беше првата банка што се најде на удар на кризата со хипотекарните кредити во САД во есента 2007 година, која беше вовед во глобалната финансиска криза следната година.

Поради крахот на акциите на „Голдман Сакс“, многу инвеститори претрпеа огромни загуби. Меѓу нив беше и норвешкиот Државен нафтен фонд, со кој стопанисува Централната банка на Норвешка. (МИА)


#
Статијата е прочитана 510 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Нема ни абер од ЕУ, ама за еврото се подготвуваме
Со „Хаиер“ допрва ќе се преговара за фабриката
Цела Европа на заеднички штрајк
Зошто заостануваме со економскиот ��аст
Српската плата 319 евра
Братучед на Путин менаџер во банка






Bulgarians proud to see one of their own as president of Brazil
Sports and aid part of first regatta around Africa
Elections in Bosnia promise little change