Број 3392  понеделник, 27 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Цела Европа на заеднички штрајк

Синдикалците од повеќе земји закажаа голем европски штрајк што ќе се одржи на 29 ноември

Голем сеевропски штрајк, кој доби поддршка од повеќе синдикати од Европа, е најавен е за 29 ноември оваа година. На него се очекува синдикалците да ја покажат својата солидарност.

Според најавите, на штрајкот ќе учествуваат синдикати од многу земји од стариот континент.

Овој штрајк ќе претставува кулминација на бранот штрајкови што ги потресоа летово Грција, Франц��ја, Романија, Велика Британија, Шпанија, Португалија, Италија, Чешка и Германија.

Повод за масовните штрајкови се ригорозните мерки на штедење што ги презедоа дел од европските влади, кои предвидуваат намалување на платите и на пензиите, отпуштања во јавниот сектор и поместување на старосната граница за пензија.

Овие мерки потврдуваат дека многу држави, и покрај почетните знаци на закрепнување, се' уште не се излезени од економската криза, што особено важи за државите што потонаа во рецесија. Голем број влади поради тоа воведуваат ригорозни мерки на штедење, што предизвикува големо незадоволство.

Состојбата и натаму е најтешка во Грција, каде што работниците речиси секојдневно протестираат на улиците на Атина или Солун.

Аналитичарите предупредуваат дека најголема опасност во претстојните протести доаѓа од младите, кои беа најтешко погодени од европската криза.

Кон крајот на овој и во почетокот на следниот месец се најавуваат протести во Велика Бриотанија, Грција, Франција, Литванија, Романија, Словенија и во други земји. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 630 пати.

Испрати коментар

Од: zv
Датум: 27.09.2010 13:20:40
Prorodno! Monetarniot sistem poveke ne funkcionira, toa e fakt. Ubavo e toa sto se slucuva, bidejki "kuca poso, poso kuca" stana prenaporen nacin na ziveenje :)

Најди! во Утрински
Економија
Нема ни абер од ЕУ, ама за еврото се подготвуваме
Со „Хаиер“ допрва ќе се преговара за фабриката
Зошто заостануваме со економскиот раст
Српската плата 319 евра
Братучед на Путин менаџер во банка
Од „Голдман Сакс“ се бара 835 млн. долари






Bulgarians proud to see one of their own as president of Brazil
Sports and aid part of first regatta around Africa
Elections in Bosnia promise little change