Број 3392  понеделник, 27 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Братучед на Путин менаџер во банка

Прв братучед на рускиот премиер Владимир Путин, Игор Путин, е именуван за вицепретседател на Мастер банка, јавија локалните медиуми. Раководството на банката смета дека Игор Путин ќе успее да ја воведе Мастер банка меѓу водечките 50 руски банки по обем и актива.

„Апсолутно сме уверени дека доаѓањето на еден таков стручњак каков што е Игор Путин значително ќе го зајакне нашиот менаџерски тим и ќе овозможи квалитетно и брзо темпо на реализација на нашите планови“, се вели во соопштението на банката.

Весникот „Комесаријант“ пишува дека раководството на Мастер банка одбило да даде одговор врз кој критериуми е примен роднината на премиерот на толку висока позиција.

Неофицијално, меѓу банкарскиот сектор во Русија се зборува дека никој досега немал можност да го запознае Игор Путин и се претпоставува дека неговата работа ќе биде од формален карактер. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 743 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Нема ни абер од ЕУ, ама за еврото се подготвуваме
Со „Хаиер“ допрва ќе се преговара за фабриката
Цела Европа на заеднички штрајк
Зошто заостануваме со економскиот раст
Српската плата 319 евра
Од „Голдман Сакс“ се бара 835 млн. долари






Bulgarians proud to see one of their own as president of Brazil
Sports and aid part of first regatta around Africa
Elections in Bosnia promise little change