Број 3392  понеделник, 27 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Нема ни абер од ЕУ, ама за еврото се подготвуваме

Во измените на Законот за НБМ две глави се посветени на тоа што треба да се направи за воведувањето на еврото по влезот во ЕУ

Соња Маџовска

Немаме абер од влез во Европската унија, ама затоа Владата се подготвува, барем со законски измени, за воведувањето на еврото. Во последните измени на Законот за Народна банка на Македонија што деновиве беше претставен од страна на министерот за финансии, Зоран Ставрески, има две глави посветени на тоа што се треба да направи земјава за да се подготви за воведувањето на европската валута. И тоа е во ред, но ако се погледне искуството на другите земји што се веќе членки на ЕУ, а се' уште не се подготвени за воведувањето на заедничката валута, излегува дека нашава земја, од сегашна дистанца, е се' уште многу далеку од тоа.

„Законот содржи две глави што се однесуваат на регулирање на членството на Македонија во ЕУ, односно воведувањето на еврото како парична единица. Ова се одредби што ќе стапат во сила кога Македонија ќе пристапи во ЕУ. Оттогаш за НБМ ќе важат одредби што важат за сите европски централни банки. Одредбите за воведувањето на еврото се заради целосно хармонизирање на Законот за НБМ со регулитавата во ЕУ и соодветна подготвеност на земјата за учество на европскиот систем на централни банки. Ние во соработка со Европската комисија решивме овие две глави да бидат вклучени во законот. Тие се однесуваат на улогата и функциите на НБМ по пристапувањето на Македонија во ЕУ и по воведувањето на еврото“, изјави неодамна Ставрески.

Експертите сметаат дека сме далеку од воведувањето на европската валута и за тоа нема потреба од брзање.

Како примери, тие ги посочуваат земјите што се членки на ЕУ, но го немаат воведено еврото, на пример, Романија, Бугарија, Полска, Шведска, Данска, Велика Британија. Дел од овие земји не се подготвени, а дел, пак, не сакаат да го воведат еврото. „Не сум го видел измените на Законот за НБМ и не би сакал да ги коментирам. Ама такви одредби има и во Законот за банки, кои треба да стапат во сила по влегувањето на Македонија во ЕУ. Но, и тогаш земјава ќе треба да исполни еден куп услови за да стане дел од еврозоната“, вели професорот Мирољуб Шукаров.

Поголемиот дел од експертите што ги консултиравме беа, главно, изненадени што се воведени вакви одредби во законот.

Инаку, според критериумите на Европската унија и на еврозоната, новите земји-членки на ЕУ што го прифатија еврото минаа низ долг процес на хармонизација на економските перформанси. Тоа значи исполнување на економските критериуми од Копенхаген, на Мастрихшките критериуми, како и приближување во нивото на развиеност и животниот стандард кон просекот во ЕУ. Усвојувањето на еврото е условено од подготвеноста на земјата, во економска смисла, за влез во валутна унија.

Инаку, ЕУ не дозволува еднострано воведување на еврото.

Фактички, без претходни усогласувања во економската структура, воведувањето на еврото во услови на ниско ниво на мобилност на работна сила и капитал, разлики во степенот на развиеност на финансискиот систем и слично, би донело ризик од дисторзии во економијата во земјава, велат експертите. Исто така, земјава треба да има и доволно пари да ги замени сегашните денари во евра.

„Со цел спречување на неконтролираното зголемување на ликвидноста на пазарот што би можело да настане на денот на усвојување на еврото како парична единица во Македонија, а заради обврските на банките и штедилниците да го приспособат износот на задолжителни резерви пропишан од Народна банка со износот на задолжителни резерви пропишан од ЕЦБ, НБМ може во подзаконски акти да пропише мерки“, стои во најновите измени на Законот за Народна банка, насловени како „Воведувањето на еврото како парична единица во Македонија“. Во него е одредено кои се задачите на НБМ во согласност со Договорот за основање на Европската заедница и Статутот на Европската централна банка. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 2698 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 27.09.2010 12:50:24
Se e ova fino, no predhodno treba ,a i mora, da se otvori temata/problemot so bankarskata mafija i nejzinoto se pogolemo i pogolemo involviranje vo celiot sistem i resavanjeto na ovoj problem. Koj go kontrolira finansiskiot sistem, toj go kontrolira stopanstvoto, a ponatamu i celata drzava.
Од: zv
Датум: 27.09.2010 16:49:41
A zosto SEGA ne go usvojat evroto? Crna Gora ima evro od pocetokot na osamostojuvanjeto, a na isto deredze e kako i nie. So mala razlika sto tie imaat more, a nie nivi. Dobro de, i daleku po relaksiran narod.
Од: Trpe
Датум: 28.09.2010 00:36:01
pa Crna Gora ima Evro a mnogu ;lenki na EU nemaat... ama podobro e da begame od Evroto...

Најди! во Утрински
Економија
Со „Хаиер“ допрва ќе се преговара за фабриката
Цела Европа на заеднички штрајк
Зошто заостануваме со економскиот раст
Српската плата 319 евра
Братучед на Путин менаџер во банка
Од „Голдман Сакс“ се бара 835 млн. долари






Elections in Bosnia promise little change
Early elections in Kosovo could put dialogue with Serbia on hold
The decline of Romanian trade unions