Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Доцнат ли големите ветени странски инвестиции?

Џонсон Мети“, „Монтипе“, „Искра“ се само дел од брендовите кои беа главни адути на премиерот Никола Груевски

Нина Нинеска-Фиданоска

Доцни ли стартот на помпезно најавуваните странски инвестиции во Македонија, а пред се' на реномираните компании чии влез во земјава властите го најавуваа на голема врата, особено во предизборниот период? Британската „Џонсон Мети“, француската „Монтипе“, словенечката „Искра“ се само дел од познатите брендови кои беа главни адути на премиерот Никола Груевски, најавувани како речиси сигурни играчи кои наскоро ќе ги видиме на инвестиционата карта на Македонија. Но досега, барем пред очите на јавноста, не се случи старт на некоја од овие инвестиции.

Во Владата се децидни дека нема никакво доцнење на влезот на потенцијалните странски инвеститори, туку напротив, сите активности или разговори со нив се одвивале со предвидената динамика.

Британската „Џонсон Мети“ требаше да почне да гради фабрика за катализатори на Бунарџик уште во април годинава. Но проектот задоцни, па одделни експерти на шега коментираа дека темелите на фабриката не стасаа да бидат удрени пред изборите. Проблемот беше што се' уште не беше склучен договорот за закуп на земјиштето со Владата.

Во владината Агенција за технолошко-индустриски и развојни зони вчера сите официјални лица беа на состанок, па никој не можеше да одговори дали е веќе склучен договорот за закуп на земјиштето со „Џонсон Мети“, кој и онака доцнеше, како и дали е почнато да се гради.

Информациите на директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, пак, се дека на земјиштето се почнати некои активности. „Имам информации дека поч��аа одредени активности. Знам и дека компанијата веќе има одредено проект-менаџер, кој во Македонија е веќе два-три месеца, а имаат избрано и градежна фирма што ќе биде задолжена за изградбата“, вели директорот на Агенцијата за странски инвестиции, кој сепак се оградува дека не е директно надлежен за овие прашања, па можеби има нецелосни информации.

Сепак, она што е изненадувачки е зошто изостана јавно соопштение дека е потпишан договорот за закуп, како и јавен старт на активностите за градба, и покрај тоа што оваа фирма претходно одржа неколку пресови и презентации на кои ја најави реализацијата на проектот.

Инаку, „Џонсон Мети“ имаше намера да закупи вкупно 13,8 хектари од земјиштето на економската зона „Бунарџик“. Според последните најави, објектот треба да биде готов до крајот на ноември годинава, а производството на катализатори да почне во мај 2009 година. Како што стојат сега работите, се' ќе биде пролонгирано најмалку за три месеци. Вкупната инвестиција на „Џонсон Мети“ се проценува на 150 милиони евра, од кои во првата фаза 55 милиони евра, а втората се најавува дури по три години. Се проценува дека ќе бидат вработени околу 700 лица.

Со француската „Монтипе“, пак, точно на 28 мај или на два дена пред изборите, премиерот Никола Груевски лично, во присуство на неколку владини министри, потпиша Меморандум за соработка со извршниот директор на компанијата“, Марк Мајус. „Монтипе“ најави дека до крајот на годинава ќе ја почне изградбата на фабриката за производство на глави на автомобилски мотори во „Бунарџик“. Фабриката би требало да биде готова идната година, по што ќе почне производството на прототип. Владата вети дека „Монтипе“ ќе вложи 60 милиони евра и во првата фаза ќе вработи 500 лица. Во контекст на „Монтипе“ треба да се спомене и зачудувачката неодамнешна реакција на министерот Веле Самак, кој му се налути на францускиот амбасадор Бернард Валеро, зошто тој изјавил оти долго време работел на овој проект, а заслугата била всушност на Самак!

До каде е инвестицијата на „Монтипе“, според информациите на Мизо, Французите по меморандумот уште еднаш дошле во земјава, барајќи поволна парцела за изградба на фабриката. Но, договор се' уште не е потпшшан, што значи, не е дефинитивна одлуката дека ќе се гради во Македонија. „Причините се што Владата се' уште е техничка и не може да се потпише еден толку значаен договор во такви услови. Исто така, не може да се очекува дека веднаш по Меморандумот ќе се почне со градба. До крајот на годината има уште 5,5 месеци, време во кое ќе се направат дополнителни анализи и подготовки“, изјави Мизо.

Некаде пред изборите беше потпишан и Меморандум за разбирање со словенечка „Искра“, која најави дека ќе гради фабрика за производство на електронски делови во „Бунарџик“. Премиерот Никола Груевски и генералниот директор на „Искра“, Душан Шешок, ги ставија потписите на Меморандумот. Компанијата имала намера најдоцна до јануари в година да почне со изградба на фабриката.

Во врска со „Искра“, пак, Мизо вели дека нашите власти се во многу чести контакти, како и дека во разговорите е стигнато до многу детали околу инвестицијата. „Разговорите се движат дури и со побрза динамика отколку што се очекуваше“, вели Мизо.

Инаку, директорот на Агенцијата потенцира дека не е намален интересот на потенцијалните инвестиции по 2 април, кога земјава не доби покана за НАТО. „Ништо не е сменето. Оттогаш сме имале најмалку 20 посети на компании, а некои од нив можеби и многу скоро ќе ги објават намерите за инвестирање“, вели Мизо. Последните податоци за странски инвестиции се заклучно со април, до кога според бројките на НБМ, во земјава влегле инвестиции од 164 милиони евра.


Статијата е прочитана 962 пати.

Испрати коментар

Од: razocaran makedonec
Датум: 18.07.2008 00:20:57
Epa izborite zavrsija. Marketingot si ja zavrski svojata rabota. I tolku. Novi investicii "ke navalat" pred lokalnite izbori. Pa koj normalen ke vlozuva vo ovaa mizerija??? Zakoni se nosat bez vrska, tamu vo parlament 70% se nepismeni poltroncinja koi nemaat E od Evropa ama so "bozja volja i pomos" ke uspeeme!!? Go raspametija narodov totalno. Ali ako za toa sami sme si krivi.
Од: Zagrizen
Датум: 18.07.2008 00:27:07
Vaka spored ova izleguva deka ovaj Mizo ne e nadlezen za nisto . Po se izgleda deka najdobro mu lezi generiranje na zagubi vo firmite kade sto e pretsedatel na odbor na direktori Ohis -54 milioni evra i Tutunski Kombinat Prilep 10 milioni evra. So bi rekol Cacko stedime na luge - zosto trojca da zemat plata koga moze eden da zema 3 plati i toa golemki a da ne bidi nadlezen za nisto.
Од: mirce
Датум: 18.07.2008 00:52:02
Sega go nema Gligor Tashkovic ,so otanative tesko na nas. Samo prikazni ke ni kazuvaat.
Од: ЗСС - Скопје
Датум: 18.07.2008 07:59:29
Зар не е јасно дека инвеститорите се гробари на политичарите.? Зар на некој не му е јасно дека со влегувањето на странските инвеститори сенамалува полето на одлучувањето на политичарите? Се во односот меѓу политикт и економија, спиралата на недоверба меѓу политичарите и инвеститорите меѓусебно се засилува и едни на други не си веруваат.Се додека во Македонија нема демократија и владее правото нема да има инвестиции и развој. Кога политичарите ќе се почувствуваат дека загрозени од инвеститорите, а тоа мора да се случи, престанува нивниот искрен интерес за создавање на поголен простор за инвестициите. Токму во таа фаза сме сега во Македонија.
Од: КУМАНОВКА
Датум: 18.07.2008 09:46:29
Какви инвестиции.луѓе,зарем не гледате дека Грујо ве занесува а на една а на друга страна.Ја доби власта со фалсификат невиден.Кој кога ке се обелодени,овој народ има да остане со подотворени уста само.Сее само страв и на телевизиите немаме нисти друго,самовести од МВР,за апсења,судења,и црни хроники.Ептен демократска држава.А национализмот е разгорен до таму што само се чека кога ќе успее и македонците меѓусебе да ги скара внатре во една МАКЕДОНИЈА.
Од: kole
Датум: 18.07.2008 12:05:09
Samo sto ne stignale... ne sekirajte se... Golemiot brend na Makedonija (Grujo i familijata) gi ostrat nozicite za secenje lenti... strpete se do VRTOLUM i do lokalnite izbori.. ne ke znajme sto pobrzo so milijardite dolari da pravime... Ah lele zalna Makedonijo sto li si zgresila pred Sevisniot???
Од: Vele Samak
Датум: 18.07.2008 12:59:49
Жалосно е кога новинарите не се обрајќаат до сите извори да добијаат конкретни информации па мора вака да ги потенцирам. Никоја фирма не потпишува меморандум со Премиер на влада на ветар. Можеби некој мисли дека тоа е игра, но странските фирми тоа го земаат сериозно. Од потпишување на Меморандум до градба следат низа процедури и месеци, меѓу кои избор на парцела, изработка на градежен проект, регистрација на фирма, избор на градежна и проектантска фирма, усогласување на производните процеси, регрутација, итн. Само во МК постојат некои митови за тоа кога и како се инвестира. Во сите овие проекти, одговорноста од владата и институциите е на максимално ниво, а фирмите се задоволни од процесот. Што парцелата е израмнета и градежниот проект на фирмата завршен се потпишува договор за закуп. Џонсон Мети почнуваат со градба и припрема, а Монтипе разгледува понуди од градежни и останати фирми во МК, со цел март да почнат градба. Поздрав, Веле Самак
Од: chamber
Датум: 18.07.2008 14:24:43
Strashno e kolku ni se nepismeni novinarite. Za da se donese vakov zaklucok treba da se ispitaat site informacii. Strashno e i toa shto direktor na agencija slushnal sto se pravi. Sramota pa koga ke naucime da prezemame odgovornos i da gi realizirame rabotite kako sto treba. Kazni , samo kazni ke ne opametat site $$$$
Од: don kihot
Датум: 18.07.2008 14:33:12
Vladata ima odlicna programa za privlekuvanje na stranski investicii, no nema dovolen marketing za privlekuvanje na istite.Treba mobilni Menageri koi ke gi posetuvaat site poznacajni saemi vo Evropa i posiroko, i ke ja prezentiraat vladinata programa.Na golemite saemi sme minimalno prisutni ili voopsto ne nema.Mislam deka kako zemja koja e nadvor od EU, sansite za privlekuvanje na investitorite se pogolemi, posto nasata rabotna sila e mosne konkurentna na Svetsko nivo, i cenite na nedviznostite se interesni za stranskite investitori.Vo idnina na Makedonija i treba samo politicka i etnicka stabilnost, i investiciite ke pristignat, vo toa sum siguren.Treba vreme da pomine i golem marketin vo toj pogled.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Продолжува падот на цената на нафтата
Под концесија за автопат ќе се дадат седум делници
Бурекот е странски, а „дорина“ домашен производ!
Нови поволности со картичките на НЛБ Тутунска банка
АЕК ковертира прекрошочни пријави до неколку оператори
„Макси Д“ со свој маркет во Прилеп