„Макси Д“ со свој маркет во Прилеп
Во центарот на Прилеп започна со работа голем маркет „Макси Д“. Супермаркетот во Прилеп е дел од синџирот на малопродажни објекти на „Скопски пазар“ во Македонија.
Новиот објект е со површина од вкупно 770м2 и снабден е со широк асортиман од над 5.000 артикли. Во склоп на маркетот работат месарница на „Жи-Ва“ како и дел за свежо овошје и зеленчук. Инвестицијата на „Скопски пазар“ во Прилеп обезбеди вработување за 26 лица. |