Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Под концесија за автопат ќе се дадат седум делници

Седум делници, на кои е предвидена изградба на автопат во повеќе делови од државата со вкупна должина од 560 километри, ќе бидат дадени под концесија на приватни инвеститори. Потенцијалните концесионери по изградбата на автопатите ќе можат да стопанисуваат со нив и да наплатуваат патарини. Во Министерството за транспорт и врски велат дека бројот на патарините и цената ќе биде утврдена со Законот за јавни патишта. Вкупната инвестиција е 2,4 милијарди евра. Во понудата на Владата за концесија се делниците од Романовце до Деве Баир со должина од 70 километри, од заобиколницата на Скопје до граничниот премин со Косово - Блаце во должина од 13 километри, од Гостивар до охридскиот аеродром 93 километри, од границата со Албанија до Битола 85 километри, од Меџитлија до Велес 130 километри и од Велес до границата со Бугарија 120 километри и последната делница од Штип до Миладоновци со должина од 49 километри.

Првата фаза на проектот на Владата за унапредување на патната инфраструктура почна пред два дена, со објава на повик до заинтересираните фирми во домашни медиуми и во „Фајненшел тајмс“ и во „Економист“. Рокот за поднесување на документацијата е 15 август, а успешните понудувачи ќе учествуваат на ограничен јавен повик.

Рокот на концесионирање ќе биде утврден во втората фаза од проектот и ќе зависи од степенот на заинтересираност на компаниите. Потенцијалните концесионери ќе добијат и рок во кој ќе треба да ја завршат инвестицијата.

Тие ќе треба да изработат главен проект со анализа за влијанието на животната средина и за структурата на финансирање на проектот. За времетраењето на концесијата, концесионерот треба да се грижи за одржувањето на делницата. (С.Н.)


Статијата е прочитана 458 пати.

Испрати коментар

Од: Igor
Датум: 18.07.2008 08:41:03
Алелуја. Редно време е да се направи автопат и во источна Македонија.
Од: Anastas
Датум: 18.07.2008 08:50:36
Se prasuva li nekoj od Strumickite parlamentarci bilo pozicija ili opozicija zosto Strumica ja nema vo niedna kombinacija.???????!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! p.s.odgovo vo 2 casot
Од: Stanoj
Датум: 18.07.2008 10:21:14
Po se izgleda prodolzuvaat lagite na politicarite za izgradbata na patot od radovis do Strumica koj e vo izgradba i godisno se gradi po 1 kilometar.
Од: mene
Датум: 18.07.2008 12:40:14
e so ke vie avtpat vo istocna za po toa selata li vise sto gi vikate gradovi hee
Од: dren
Датум: 18.07.2008 15:19:02
Добра идеа да се да се изградат сите овие автопатишта што се предвидени, меѓутаа како алтернатива на сега веќе постоечкиве патишта за да може граѓаните да имааат избор дали ќе возат споро без патарина по стариот пат или брзо по автопат со патарина. Да не испадне вака на пр.едно одење од Скопје до Охрид да те кошта колку и горивото до таму, поради скапите патарини и поставени на секој чекор.?!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Продолжува падот на цената на нафтата
Бурекот е странски, а „дорина“ домашен производ!
Нови поволности со картичките на НЛБ Тутунска банка
Доцнат ли големите ветени странски инвестиции?
АЕК ковертира прекрошочни пријави до неколку оператори
„Макси Д“ со свој маркет во Прилеп