АЕК ковертира прекрошочни пријави до неколку оператори
Судот може да изрече казна во износ од 4 до 7 отсто од годишниот приход
Агенцијата за електронски комуникации поднесе прекршочни пријави на адресата на неколку оператори поради ненавремено воведување на услугата преносливост на броеви, информираат од агенцијата. За овој вид прекршок, судот на овие оператори може да им изрече казна во износ од 4 до 7 отсто од годишниот приход остварен во претходната деловна година.
Во соопштението од АЕК се појаснува дека постапката се поведува против операторите кои во предвидениот рок, до 15 јули не ги следеа инструкциите во врска со воведување на услугата за преносливост на броеви, односно не го извршиле систематското усогласување со Централната база на податоци. АЕК најавува дека во врска со понесување на одговорноста за пропустите, истовремено ќе ги преземе сите други мерки што и' стојат на располагање согласно со Законот за електронски комуникации.
Од Агенцијата за електронски комуникации информираат дека само три оператори: мобилните ВИП и „Т-мобиле“ и фиксниот „Мактел“ досега го завршиле процесот на целосно усогласување со базата и дека се подготвени за имплементирање на услугата за преносливост на броеви. Инаку, на состанокот во АЕК, на кој бил разгледан напредокот на операторите во врска со воведување на оваа услуга, присуствувале и .„Космофон“, „Неотел“, „Он нет“, „Некском“ и „Актон“. Во врска со доцнењето на примената на оваа услуга, АЕК ги негира обвинувањата дека станува збор за опструкција или намерно одолжување на воведување на услугата од нивна страна. „АЕК во последните месеци ја интензивира севкупната процедура и направи силен притисок врз операторите да ги и��полнат преземените законски обврски и да им ја овозможат оваа услуга на претплатниците“, потенцираат од агенцијата. (А.С.) |