Нови поволности со картичките на НЛБ Тутунска банка
НЛБ Тутунска банка воведе нова поволност во работењето со картички. Отсега сите иматели на дебитни и кредитни картички од програмата на „Мастеркард“ и „Виса интернешенел“ издадени од НЛБ Тутунска банка ќе може да подигнуваат готовина од мрежата на банкомати на банките од НЛБ групацијата, со провизии кои се идентични на провизиите кои се наплаќаат на банкоматите на НЛБ Тутунска банка во Македонија.
Сите иматели на дебитни „Маестро“ и „Виса електрон“ картички на НЛБ Тутунска банка ќе може да подигнуваат готовина на сите банкомати од НЛБ Групацијата во Црна Гора, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово без провизија. Подигнувањето на готовина од кредитните картички од програмата на „Мастеркард“ и „Виса“ на банкоматите на банките од НЛБ групацијата во погоре наведените земји ќе биде со истите провизиски стапки како на банкоматите на НЛБ Тутунска банка во РМ. (Ек.Р.) |