Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

Три брачни двојки за кои зборуваше цела Германија

Брачните парови Вулф, Гутенберг и Штајнмајер ги допреа Германците речиси до солзи

Тие на нов начин претставуваат една млада Германија, тие се реномирани политички двојки за претставување, тие ја допреа Германија речиси до солзи – тоа се три карактеристики на три политички брачни двојки, за кои оваа година зборуваше цела Германија.

Тие заедно претставуваат една млада и симпатична Германија, пишуваше печатот за новиот германски претседател Кристијан Вулф (50), најмлад претседател во историјата на Германија и прв што е роден по крајот на Втората светска војна и за неговата сопруга Бетина (37), кои некои ги споредуваа и со брачната двојка Обама.

Со селењето на семејството Вулф во претседателската палата во Берлин се пресели и детски плач, за разлика од сите досегашни претседатели на Германија, кои беа многу постари кога дошле на таа функција. Оваа година Вулф ја претстави Германија, пред се', во Русија и Турција, на еден нов олабавен и пријателски начин.

Германците ја сакаат Бетина Вулф, најмладата „прва дама“ во историјата на државата, современа, привлечна жена со тетоважа на рамото, со факултетска диплома в џеб и со деца во скутот.

Повеќе од половина Германци позитивно ја доживуваат „првата“ дама и тоа што таа го работи, а само 10 отсто Германци се негативни, пишуваше германскиот таблоид „Билд“ и наведе најмалку пет особини на Бетина Вулф, во кои таа како „прва дама“ очигледно многу добро се снаоѓа.

Таа е отворена, нема страв од контакти и приоѓа на луѓето со вистинска доза пријателство. Таа има почит пред новите задачи на „прва дама“ на 83 милионската нација, но не и страв.

Нејзината предност е во „природноста“. Таа во Русија ги одведе децата на циркус, а во резидентската палата „Белви“ летото на прием имаше дамка на фустанот од прстињата на нејзиниот син Луис (2). Таа не заборави што значи да се биде самохрана и вработена жена, не изгледа дистанцирано или како некој што изгубил чувство за реалност. За неа не е никаков проблем да биде во заднина. Таа смета дека, пред се', треба да му дава поддршка на својот сопруг...

Кога се работи за најпопуларен германски политичар, министерот за одбрана, младиот барон Карл-Теодор цу Гутенберг (39), и неговата сопруга Стефани (34), оваа есен политичкиот неделен весник „Шпигел“ ги стави на својата насловна страница, нарекувајќи ги брилијантна двојка на пат кон канцеларската служба.

Меѓутоа, пред неколку дена тој се најде на удар кога со својата Стефани и цело „летачко“ телевизиско студио ги посети германските војници, стационирани во опасна мисија во Авганистан.

Цу Гутенберг, или само кусо КТ, како што го пишува во последно време печатот само со иницијали, овој пат доби тешка критика и од медиумите и од опозицијата, но и од своите коалициски партнери, кои патот на Гутенбергови во Авганистан го гледаат како пропаганда.

Брачната двојка, која Германија ја допре речиси до солзи, се Штајнмаерови. Поранешниот шеф на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмаер (54), и неговата сопруга Елке Биденбергер (48) беа тема на печатот кога тој се одлучил да и' го спаси животот и да и' го подари својот бубрег.

Штајнмаер, сегашен претседател на пратеничкиот клуб на најсилната опозициска партија, Социјалдемократската партија (СПД), поради одлуката на својата болна сопруга да и' го подари бубрегот, предизвика човечки почит кај многумина, но тоа исто така покрена и политички дискусии.

Штајнмаер, кој политички е запаметен како близок соработник на поранешниот канцелар Герхард Шредер, а потоа во владата на „големата коалиција“ беше шеф на дипломатијата и не беше на удар на жолтиот печат.

Штајнмаер, син на столар и работничка во фабрика, со својата сопруга Елке се запознал во 1988 година во универзитетскиот град Гисен. Во тоа време Штајнмаер веќе бил асистент на Правниот факултет, а таа студент. По седум години, се венчале. Штајнмаер и Елке Биденбендер имаат една ќерка, тинејџерка.

„Билд“ тврдеше дека во овој „политички случај на Штајнмаерови“ во прашање не е ништо друго, туку само љубов - и тоа голема.


#
Статијата е прочитана 1044 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Преку контролен пункт до Светата земја
Санадер одби да и' биде предаден на Хрватска
Ходорковски ќе одлежи и за украдена нафта
„Политика“ шири расистички клевети
Се влошува ситуацијата во Авганистан
Јадранка Косор смени четворица министри
Шиндлеровата листа на продажба
Бомбаши убија 14 лица
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks