Шиндлеровата листа на продажба
ЊуJорк - Суд во Њујорк му дозволи на еден колекционер на ретки историски документи да ја стави на продажба оригиналната копија на Шиндлеровата листа.
Документот од 13 страници со 801 име е една од неколкуте оригинални копии на листата што ја составил германскиот индустријалец Оскар Шиндлер, настојувајќи да спаси повеќе од една илјада свои работници Евреи од сигурна смрт во нацистичките логори, објави весникот „Телеграф“. |