Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

Ходорковски ќе одлежи и за украдена нафта

Газдата на „Југос“ го продал на црно целото количество нафта од периодот 1998-2003

Поранешниот руски нафтен магнат Михаил Ходорковски e прогласен за виновен во вториот процес против него. Тој е обвинет дека присвоил 218 милиони тони нафта и нелегално ги продал.

Кратко пред објавувањето на пресудата, обвинетиот Михаил Ходорковски и неговиот неофицијален тужител премиерот Владимир Путин водеа дуел преку медиумите.

Офанзивата ја презеде рускиот премиер, кој во неговото годишно обраќање до нацијата за судбината на Ходорковски одговори: „Местото на еден крадец е во затвор. Според судските наоди, Ходорковски се смета виновен за кражба, за многу голема кражба“.

Изјава која може да се сфати како однапред донесена пресуда, но не безусловно, оти Путин продолжи да зборува за даночните затајувања и измама. По овие две точки бившиот шеф на „Јукос“ беше осуден во првиот процес против него. За конкретна кражба, меѓутоа станува збор во сегашниот процес. Имено, на Михаил Ходорковски и на неговиот партнер Лебедев им се префрлува дека присвоиле 218 милиони тони нафта. Тоа е количина еднаква речиси на целокупната количина што ја црпеше „Јукос“ во периодот 1998 до 2003 година. Државното обвинителство бара 14 години затвор, одбраната ослободителна пресуда.

Премиерот Путин при неговиот настап меѓутоа не заборави да наведе дека во периодот кога Ходорковски беше најбогатиот човек во Русија имаше и убиства во неговата фирма.

Ходорковски, од своја страна, не реагираше на обвинувањата, меѓутоа во ексклузивно интервју за весникот „Независимаја“ изјави: „Сите се плашат од вас, беше речено во емисијата. Страшен комплимент. Потребна ли ни е навистина една Русија, која се базира врз свирепост? (Дојче веле)




#
Статијата е прочитана 397 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Преку контролен пункт до Светата земја
Санадер одби да и' биде предаден на Хрватска
Три брачни двојки за кои зборуваше цела Германија
„Политика“ шири расистички клевети
Се влошува ситуацијата во Авганистан
Јадранка Косор смени четворица министри
Шиндлеровата листа на продажба
Бомбаши убија 14 лица
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks