„Лукоил“ инвестира во Турција
Москва - Најголемата приватна руска нафтена компанија „Лукоил“ има намера да инвестира над 100 милиони долари во развојот на бизнисот во Турција во следните три години, најави претседателот на компанијата, Вагат Алекперов. Тој нагласи дека компанијата го проширува „петрохемискиот сектор“ во Турција, привлекува нови дилери и ги проширува и ги модернизира фабриките за масло и масти. (МИА) |