ЕБОР: Растот ќе биде 0,8 проценти
Европската банка за обнова и развој во најновиот извештај ги ревидира проекциите за растот на бруто домашниот производ на Македонија за 2010 година од 0,5 на 0,8 проценти.
Освен годинешнава, ЕБОР ја ревидираше и проекцијата за раст на македонската економија и за идната година. Така, наместо претходната проекција за раст од 2,3 отсто, ЕБОР сега на земјава и' прогнозира раст од 2,5 отсто.
Банката предвидува позитивен раст за повеќето земји на Балканот. Највисок раст годинава ќе има Албанија од 3 проценти, по неа е Србија со 1,6 проценти, Македонија и БиХ ќе имаат раст од 0,8 проценти, Бугарија 0,4 отсто, а Црна Гора и Романија ќе бидат во минус од 0,6 и од 2 процента.
В��упната економија на државите во ЈИЕ годинава ќе биде минус 0,6 проценти наместо претходната проекција од минус 1,5 проценти.
ЕБОР ја ревидира проекцијата и за вкупниот раст на економиите во Европа во 2010 година од 3,5 на
4,2 проценти, како и за
2011 година од 3,9 на 4,1 проценти. (Ек.Р.) |