ТТК банка од 1 ноември ќе ги зголеми пасивните каматни стапки за штедење за физички лица до 1 процентен поен. За депозитите во денари каматата ќе изнесува 10,3 отсто, а за оние во евра каматата ќе биде 5,5 проценти. По повод Денот на штедењето - 31 Октомври, банката ќе организира во експозитурите едукација на најмладите за придобивките од штедењето. (Ек.Р.)