Број 3316  петок, 25 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Спорт

Словенците во очај

Лендон Донован во 91 минута им даде гол на Алжирците и обезбеди осминафинале за САД

Словенечките фудбалери неколку минути живееја во илузија дека ќе бидат дел од осминафиналето. Откако заврши нивниот меч со Англија (0:1), Словенците со стиснати палци ги следеа случувањата во Преторија каде играа САД и Алжир.

Се' им одеше од рака до сусиското продолжение, а потоа - шок! Во 91 минута Лендон Донован, конечно, ја искористи едната од многуте шанси на САД. Ги матираше Алжирците и Словенците ги прати дома, обезбедувајќи осминафинален меч за својата репрезентација со Гана.

„Тешко е сега да се каже нешто паметно. Разочарани сме, но може да бидеме горди на четирите бода што ги освоивме. Денес беше тешко. Англија го покажа својот квалитет, но се' можеше да излезе поинаку. Покажавме дека сме одличен тим“, изјави капитенот на Словенија Роберт Корен.

Златко Дедиќ кажа дека репрезентацијата пред себе има добра иднина.

„Тешко е сега да се најдат вистински зборови...Немавме среќа. Фудбалот се врати во иднината. Ќе им носиме радост на навивачите и натаму, дури и повеќе отколку на ова првенство“.

Напаѓачот Златан Љубљанчиќ опиша што се случувало во последните минути. „Мислевме дека мечот меѓу САД и Алжир заврши 0:0, ама кога ни кажаа дека, сепак, на крајот паднал гол, бевме во шок. Мислам дека по неколку проспиени ноќи ќе исчезне таа горчина, бидејќи Словенија си оди дома со крената глава“.


#
Статијата е прочитана 691 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Србија не е свесна што загуби
Германија оди на Англија, Африка ја слави Гана
Изнер и Маху го оставија светот без збор
Не успеаја да се победат себеси
Браќата Боатенг настапија еден против друг
Кралицата го посети Вимблдон
Русевски поразен во Белград
Ким Јонг Ил виновен за поразот од Португалија со 7