Русевски поразен во Белград
Предраг Русевски по долга пауза се појави на фјучерсот што се игра неделава во Белград на земјени терени и за награден фонд од 10.000 долари, но доживеа елиминација во стартот. Првиот рекет на македонската тениска репрезентација загуби со 6-7 (4), 6-3, 6-4 од петтиот носител Иван Бјелица од Србија, 521. на АТП-листата.
Првото коло беше последно и за квалификантот Шендрит Деари, кој го предаде мечот при водство на вториот носител Алдин Шеткиќ (383.) од Босна и Херцеговина со 6-2, 2-0. Експресната елиминација на македонските претставници ја комплетира Томислав Јотовски, кој заедно со Словенецот Андраж Бедене на турнирот во двојки им предадоа на Србите Душан Лајовиќ и Илија Вучиќ при водство на ривалите од 5-3 во првиот сет.
Јотовски и Стефан Мицов играа и во квалификациите во сингл, но стигнаа само до второто тело. (Р.Д.) |