Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Стожерните фирми од радовишката економија на колена

Радовишкиот кајмак од тутунот го собра битолски „Сокомак“

Иван Бојаџиски

ШТИП - Три клучни фирми од капитално значење за стопанството во Радовиш ги доживуваат најтешките денови од постоењето. Станува збор за тутунското претпријатие „Јака табак“, фармацевтската фабрика „Јака 80“ и единствената фабрика за декоративни ткаенини во Македонија „Декортекс“. Токму овие фирми, заедно со рудникот за бакар „Бучим“, беа стожерот на радовишката економија во општината со 32.000 жители. Само тутунското претпријатие до неодамна годишно извезуваше квалитетен тутун во вредност од 20 милиони долари.

Фабриката за лекови „Јака 80“ е ставена надвор од работа со одлука на директорот на Бирото за лекови Илчо Захариев. Таа е под клуч од средината на минатиот месец. Околу 200 работници заминаа дома, а на работа се само педесетина, и тоа во помалите погони за диететика и за козметика. Захариев вели дека таква одлука морал да донесе со намера раководството на „Јака 80“ да сфати дека во производството на лекови таа мора да ги примени најстрогите европски стандарди.

„Добрата вест е тоа што менаџерскиот тим на компанијата донесе одлука во реконструкција на фабриката и во технолошката обнова да вложи три милиони евра. Процесот на модернизација може да се заврши за половина година по што фабриката во Радовиш повторно ќе може да работи“, вели Захариев.

Производството на „Јака 80“ беше наменето главно за извоз, а лани производството на лекови тежеше 17,5 милиони долари. Ако менаџерскиот тим остане на одлуката за инвестирање во фабриката, тогаш ќе се овозможи производство кое ќе носи девизен прилив од 25 милиони долари. Работниците кои веќе дваесетина дена не се во фабриката живеат во надеж дека таа бргу ќе се модернизира, а тие ќе се вратат на работа.

„Јака табак“ последните две години ја тресат афери. Три лица од раководниот врв на чело со генералниот директор Ѓорѓи Теневски беа притворени поради учество во аферата со тутунот од стоковните резерви. Сега тие се во домашен притвор и го ч��каат судењето закажано за втората половина од овој месец.

Тутунското претпријатие кое имаше 4.500 кооперанти и производство на 3.500 тони првокласен тутун, а со децении важеше за финансиски најсилно во својата брана доживеа силни удари. Банките немаа доверба поради скандалите во фирмата, па не ги дадоа неопходните осум милиони долари кредит за откуп на тутунот од ланската реколта. Тоа беше препуштено на „Сокомак“ од Битола, која го собра радовишкиот кајмак. Годинава кооперантите го покажаа својот револт од случувањата поради што се склучија само половина од планираните договори.

На радовишките тутунски полиња тутун има се' помалку. Големата нива се преполовува, а со тоа и парите. На времето изнесуваше дваесет милиони долари, а сега е на половина од тоа. Тоа е поразително за општината која својата економија ја темели на тутунот и бакарот, посебно за големите села кои со децении живееја од жолтото злато. Оттука, во целата општина со посебен интерес се очекува судската разврска за случајот што придонесе да биде десеткувано раководството и со кој се проблематизира иднината на „Јака табак“.

„Декортекс“ е приказна за себе, вели градоначалникот на Радовиш, Роберт Велков. Според него, фабриката три години е во агонија, а 500 поранешни работници останаа на улица. И околу оваа фабрика имаше многу афери во однос на сопственоста. Раскараните страни честопати ги раздвојуваше полицијата, но фабриката не проработи.

„Таму сега има стечаен управник, а неодамна германски бизнисмени ја посетија ’Декортекс’ и го најавија својот интерес за инвестирање. Тие беа охрабрени од фактот дека сите машини се во добра состојба. Германците беа децидни дека сакаат да влезат во фирмата, но дали тоа ќе се случи зависи од финалето на стечајот. Важно е ’Декортекс’ поскоро да проработи, а вработените да се вратат зад машините“, нагласува градоначалникот Велков.


Статијата е прочитана 235 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
„Порше“ и „Фолксваген“ ги зголемуваат своите империи
„Свидмилк“ ќе ги едуцира фармерите да работат европски
„Лукоил“ отвори две бензински пумпи во Скопје и во Штип
„Гаспром“ 19-ти на листата на најмоќни компании
Милка Форцан, сепак, останува во „Делта холдинг“
Формирана Групација на инвеститори на мали хидроцентрали
Стопанска банка - Битола Ланска добивка од 4,2 милиона евра