Стопанска банка - Битола Ланска добивка од 4,2 милиона евра
Стопанска банка - Битола минатата година ја завршила со прилично солиден профит од близу 4,2 милиона евра. Оваа информација може да се добие од ревидираниот финансиски извештај на банката што таа го испрати до Македонската берза за хартии од вредност. Оваа добивка на Стопанска банка - Битола е повисока од профитот остварен во 2006 година, во износ од 3,2 милиони евра.
Ова покажува дека банкарскиот сектор во Македонија и натаму продолжува да го држи првото место на листата на најпрофитабилни бизниси во земјава. Имено, добар дел од македонските топ-банки во текот на минатата година остварија рекордни добивки. Така, Стопанска банка - Скопје оствари рекорден профит од 18,3 милиони евра. Комерцијална банка, пак, минатата година ја заврши со добивка од 16,5 милиони евра. (Н.Н.Ф.) |