Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

„Лукоил“ отвори две бензински пумпи во Скопје и во Штип

„Лукоил“ во петокот и во саботата отвори две бензински пумпи во Скопје и во Штип, со што бројката на бензински станици на оваа компанија во земјава достигна шест.

„Се надевам дека до крајот на годината ќе успееме да ја пуштиме и петнаесеттата бензинска станица во земјава. Задоволни сме со бизнис-амбиентот и со односот на Владата спрема нас. Градиме објекти каде што на луѓето ќе им биде удобно да поминат, да наточат квалитетно гориво и да се одморат. Ќе продолжиме со позасилено темпо да работиме на реализација на програмата за отворање 40 бензински во Македонија“, изјави во петокот директорот на „Лукоил“ - Македонија, Андреј Михајлович Куку, на отворањето на бензинската пумпа на ул. „Првомајска“ во Скопје. Вредноста на објектот што се простира на површина од 2.500 квадратни метри изнесува над милион евра. Ќе работи 24 часа и ќе се продаваат сите видови горива, а наскоро и Евро 5. „Лукоил“ наскоро ќе почне да гради бензински во Струмица, уште една во Скопје и во Велес.

Новиот објект беше осветен од поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, а лентата ја пресекоа градоначалникот на Општина Кисела вода, Џорџе Арсов, директорот Куку и амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Владимир Солоцински. Солоцински при отворањето на бензинската во Штип порача Македонија да не потклекне пред целта за прилив на странски инвестиции.

„Недобивањето покана за влез во НАТО воопшто не е критериум земјата да важи како место со ризик за инвестирање. Напротив, ’Лукоил‘ е пример за можноста за оплодување на странскиот капитал на овие простори“, рече Солоцински. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана 410 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Стожерните фирми од радовишката економија на колена
„Порше“ и „Фолксваген“ ги зголемуваат своите империи
„Свидмилк“ ќе ги едуцира фармерите да работат европски
„Гаспром“ 19-ти на листата на најмоќни компании
Милка Форцан, сепак, останува во „Делта холдинг“
Формирана Групација на инвеститори на мали хидроцентрали
Стопанска банка - Битола Ланска добивка од 4,2 милиона евра