Брoj 2809  сабота, 11 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Така не се свири Бетовен

Пијанистот од САД Цимон Барто разочара во изведбата на познатиот Концерт бр. 5 на Лудвиг ван Бетовен

Тина Иванова

Акцентирања на несоодветни места, нагли динамички премини, технички и музички грешки..., ’читани’ од партитура. Ова се дел од забелешките за прексиноќешното ’созвучје’ на еден од најпознатите концерти за пијано и оркестар од музичката класична литература, Концертот бр. 5 на Лудвиг ван Бетовен, кој за отворањето на новата концертна сезона на Македонската филхармонија го изведе американскиот пијанист Цимон Барто. Публиката се прашуваше, чуму ваков избор за почеток на едно ново поглавје од концертниот живот на македонската музичка институција, нарекувајќи го Барто дрводелец заради неговиот груб пристап кон пијано-интерпретацијата на делото на кое му е неопходен еден препознатлив романтичарски изглед, односно карактер.

Груба е и забелешката, но тоа е доказ дека голем дел од публиката која доаѓа на концертите на Македонската филхармонија, како што беше и прексиноќа во салата на Домот на АРМ, не може да биде излажана со завидна биографија испишана во програмчињата. Македонската публика, барем во поглед на класичниот концертен живот во земјава, е едуцирана, во споредба со некои други сегменти од културата, посебно музичката. А, Барто ја немаше онаа неопходна страст, ниту моќ да му пристапи на Бетовеновиот концерт на начин со кој би требало да ни ги растрепери срцата.

Зачуди и фактот што делото го изведе читајќи го од партитура, што е недозволиво за ниту еден концертен пијанист, особено не за таков со зад себе многубројни настапи во престижни музички сали во светот, долгогодишна соработка со познатата куќа „ЕМИ“ и повеќе од десет самостојни албуми. Па, сепак, да не биде се така лошо, пијанистот импресионираше единствено во верното пресликување на пијано-делницата на почетокот од вториот став, со неговиот топол пристап и чистина во понирањето на Бетовеновата мисла.



Она што пак, остави силен впечаток, беше оркестарот на Македонската филхармонија, кој под диригентство на извонредниот Јануш Пшибилски, го донесе Концертот бр. 5 на едно високо изведувачко ниво. Следното и последното дело од завчерашната програма, популарната Петта симфонија на Бетовен, звучеше маестрално. Препознатливите теми во сите четири става од Симфонијата (особено четирите почетни тонови кои го создаваат најпопуларниот мотив во музичката литература), беа донесени со сета потребна драматургија, гротескност, енергија, ритмичка и музичка леснотија. Со ваква изведба, Македонската филхармонија може да биде огледало на културниот живот во земјава, а за тоа е несомнено заслужен маестро Пшибилски кој секогаш, па и овој пат, ја донесува звучната комплексност на филхармонискиот оркестар на врвно ниво. Аплаузите, по Бетовеновата петта, не стивнуваа, а музичарите и диригентот беа испратени на нозе.



Свеченото отворање на новата концертна сезона на Македонската филхармонија, беше збогатено и со промоција на новото ЦД на „Проект жлуст“, кое претставува жива снимка од извонредниот концерт што во почетокот на годинава групата го одржа заедно со Филхармонијата под диригентство на Борјан Цанев. Албумот, иако прв од ваков вид во издание на Македонската филхармонија и КИЦ, практика која е одамна присутна во светот, е надеж дека ваквата продукција кај нас ќе продолжи и понатаму, зашто очигледно несушна е потребата на музичките консументи и за поинакви профили, жанрови и музички изрази, но соединети со еден грандиозен оркестарски звук на Филхармонијата кој несомнено нуди богата, ефективна палета од звучни бои.


Статијата е прочитана 594 пати.

Испрати коментар

Од: marko
Датум: 11.10.2008 19:31:08
ja procitav kritikata za koncertot na M.Fikharmonija od J.Zabeva i toa e sramota.Koristi izrazi koi i samat ne gi poznava kako i da e fala mu naboga sto vie gi sogleduvate porealno rabotite i pisuvate realni kritiki pa i da se dobri i da se losi toa i ni treba ako sakame kulturata da ni se raviva kako sto treba

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
„Ѓурѓа“ објави патописи за Македонија во 1903 и 1904 година
Печуј е град со неверојатно уметничко милје
„Риголето“ со млади македонски пејачи
Ставот на уметниците спроти тромавоста на публиката
Софија Ристевска во Прилепски театар ја режира „Службогонци“
Отворена етнолошка изложба во Велес